Директорот на Радио-телевизијата на Војводина поднесе оставка
Преглед
Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.
Генералниот директор на Радио-телевизијата на Војводина (РТВ), Горан Караџиќ, денеска поднесе оставка од функцијата, само два дена откако оставка поднесе и директорката на Радио-телевизијата на Србија (РТС), Мања Грчиќ. Караџиќ за српскиот портал „Нова“ изјавил дека оставката ја смета за морален чин…
Клучни точки
- Неговата оставка следува по низата повлекувања на раководни луѓе во медиумот. [Курир]
- По изборната победа на Студентската листа, двата јавни сервиси се соочуваат со низа оставки и барања од вработените за ослободување на програмата од политичка контрола. [Рацин]
Споредба на известувањето
Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.
Сите извештаи (4)
- Инфомакспрв
Директорот на Радио-телевизијата на Војводина поднесе оставка
Генералниот директор на Радио-телевизијата на Војводина (РТВ), Горан Караџиќ, денеска поднесе оставка од функцијата, само два дена откако оставка поднесе и директорката на Радио-телевизијата на Србија (РТС), Мања Грчиќ. Караџиќ за српскиот портал „Нова“ изјавил дека оставката ја смета за морален чин и дека по четири дена транзиција, во текот на кои биле поставени темелите ...
Истиот текст го објавија и (1): Генералниот директор на Радио-телевизија Војводина, Горан Караџиќ, поднесе оставка
Генералниот директор на Радио-телевизија Војводина (РТВ), Горан Караџиќ, денеска поднесе оставка од функцијата, објави РТВ. Неговата оставка следува по низата повлекувања на раководни луѓе во медиумот. Во вторникот оставка поднесе главниот и одговорен уредник на РТВ, Ненад Чачиќ, како и вршителката на должноста директорка на Првата радиопрограма, Верица Батиќ, и уредничката на веб-редакцијата на…
Се редат оставки во Србија, се разнишува медиумскиот систем на Вучиќ
Генералниот директор на Радио-телевизија Војводина, Горан Караџиќ, денеска поднесе оставка, само два дена по повлекувањето на директорката на Радио-телевизија Србија, Мања Грчиќ. По изборната победа на Студентската листа, двата јавни сервиси се соочуваат со низа оставки и барања од вработените за ослободување на програмата од политичка контрола. Заминувањето на Караџиќ е последно во низата…
Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.