Најново

Ажурирано · Хронолошки: најновиот извештај по настан, со јасно означено време.

Ревизорите открија сериозни неправилности во Општина Кичево — отвора на Телма

Државниот завод за ревизија утврди сериозни неправилности во финансиското работење на Општина Кичево за 2024 година, поради што изрази неповолно мислење за финансиските извештаи и усогласеноста со законските прописи. Ревизорите констатирале недоволна наплата на сопствените приходи, застарени побарувања, пропусти во јавните набавки и реализација на капитални проекти без соодветна документација...

Известуваат и: Либертас

Од март директна линија Дубаи–Скопје три пати неделно, најави Муцунски — отвора на Макфакс

Во рамките на работната посета на Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со главниот комерцијален директор на Флајдубаи, Хамад Обаидала. На средбата беше официјално потврдено дека од март Флајдубаи ќе воспостави директна авионска линија Дубаи–Скопје, со три лета неделно. Во фокусот на разговорите беа можностите што…

Известуваат и: КурирPress24Нова Македонија+2

Гори руска рафинерија во областа рјазањ. Обновени украинските напади врз енергетската инфраструктура — отвора на Плусинфо

Украинскиот претседател Зеленски претходно изјави дека Русија не го почитува енергетското примирје и не ги почитува изјавите на американскиот претседател.

Почна судењето на познатиот актер поради силување и сексуални напади: Шест жени изнесоа морничави детали — отвора на Локално

Британскиот актер и комичар Расел Бренд (51) се соочува со сериозни обвиненија за сексуални престапи, откако…

Париз вложува 200 милиони евра во велосипедска инфраструктура — отвора на Макфакс

Париз планира да инвестира 200 милиони евра до 2032 година во проширување на велосипедската инфраструктура и подобрување на безбедноста на опасните крстосници, соопшти заменик-градоначалникот на француската престолнина. Париз со години наназад ги преуредува своите улици за да обезбеди повеќе простор за пешаците и велосипедистите, пренесува агенцијата ДПА. Целта на новиот план за велосипедизам е…

Известуваат и: Независен весникКурир

МВР го фати возачот кој „дрифташе” – Немал ниту таблици ниту возачка — отвора на Press24

22-годишен штипјанец ќе се соочи со пријава откако на социјалните мрежи било објавено видео на кое се гледа како дрифтува со автомобил без регистарски таблички, иако немал стекнато право да управува со возило. Од СВР Штип информираат дека по преземените мерки, на 14 октомври полициските службеници го пронашле С.К. и извршиле службен разговор со него. …

Известуваат и: МакфаксФакторКурир+2

Осум морнари се исчезнати по напад на брод во близина на романскиот брег — отвора на Press24

Осум морнари се водат како исчезнати по пожар што избувнал на брод под знамето на Сан Марино во близина на романското пристаниште Сулина во Црното Море, додека спасувачките екипи интервенираат со бродови и хеликоптери. Морнарите на погодениот брод утринава побарале помош од романските власти поради избувнувањето на пожарот, додека екипажите од блиските бродови пријавиле дека …

Канал 77 – Вести од Македонија и светот | 11:00 — отвора на Канал 77

▶️Слушнете го оригиналното аудио издание на вестите:Вашиот прелистувач не поддржува аудио елемент. Регионалната депонија Шапкарка и Струмица се покрива со слој земја од 50 см за да се спречат честите пожари. До сега е санирана половина од локацијата, а воведени и 24-часовен видеонадзор. Надлежните велат дека со ова значително ке се намали ризикот од загадување …

Фармацевтски гигант оствари милијарди профит, па крати 1.200 работни места — отвора на Бизнис Инфо

Британската фармацевтска компанија GSK објави дека би можела да намали до 1.217 работни места во Белгија, во првиот конкретен чекор во спроведувањето на тригодишен план за заштеда од 1,9 милијарди фунти. Главниот извршен директор Лук Милс го откри планот во јули како дел од поширока стратегија за забрзување на развојот на нови лекови и сигнализирање …

Хориха доби зелено светло и ќе го облече дресот на Македонија — отвора на SportSport

Денеска на официјална прес-конференција, првиот човек на РФМ, Александар Стефанов потврди дека Дмитро Хориха и официјално доби зелено светло да настапува во дресот на Македонија. Стефанов најави дека тој ќе биде големо зсилуавње, останува селекторот Кирил Лазаров дали ќе го повика за квалификациите за ЕП 2028 година. „Официјално, Дмитро Хориха е нов член на македонската …

ФБИ и се заблагодари на македонската полиција: Успешно разбиен меѓународниот сајбер-пазар „OLVX“ — отвора на Press24

ФБИ упати официјална јавна благодарност до своите партнери од Одделот за сајбер криминал при Бирото за јавна безбедност на МВР на Северна Македонија, по повод успешното апсење на администраторот на илегалниот сајбер-маркетплејс „OLVX“. Од американската служба истакнуваат дека оваа акција има историско значење бидејќи ја означува првата заедничка сајбер-операција координирана меѓу ФБИ и Северна…

Известуваат и: ВечерМКД.мк

Едита Арадиновиќ организираше прослава за ќерката Зои: Пораката што ја објави ги трогна сите — отвора на Вистина.мк

Прославата што ја организираше Едита Арадиновиќ беше во чест на нејзината ќеркичка Зои. По тој повод, пејачката објави и фотографија на која е облечена во бело и ја држи својата наследничка во прегратка, а описот трогна многумина. – Мама и тато те сакаат најмногу на светот, па и повеќе од тоа – напиша Едита. Пристигна и подарок од нејзината пријателка Тамара Милутиновиќ, која заедно со својата…

Маск сугерира дека американската влада е одговорна за ограничувањето на воената сателитска мрежа во Украина — отвора на Бриф

Илон Маск синоќа сугерираше дека за евентуалното забавување на воената сателитска комуникациска мрежа „Старшилд“ (Starshield) во Украина е одговорна американската влада, а не неговата компанија „СпејсИкс“ (SpaceX). „Системите ‘Старшилд’ се во сопственост и под контрола на американската влада. За какви било ограничувања на брзината или употребата одлучува американската војска, а во крајна линија и…

Известуваат и: Сител

SUPER Fresh Music: Deep Forest го објавија новиот албум „Soul“ — отвора на Охрид Прес

Охрид, 15. октомври 2026 (ОХРИДПРЕС) – Одличните Deep Forest се враќаат под светлата на музичката сцена со новиот албум „Soul“, продолжувајќи го музичкото патување на меѓународната електронска сцена, што проектот на Eric Mouquet го започна пред повеќе од 30 години. Со над 10 милиони продадени албуми и над 120 милиони преслушувања, добитниците на Grammy наградата …

Еврото падна на најниско ниво од мај поради фискалните превирања во Франција — отвора на Пари

Еврото падна на најниско ниво во однос на американскиот долар од мај, бидејќи продлабочената фискална криза и политичката нестабилност во Франција ја намалуваат довербата на инвеститорите во целиот блок. Девизниот курс се спушти на 1,11, при што се појавија стравувања од повторување на должничката криза од 2012 година. Според аналитичарите, вредноста на еврото во однос …

Започна 19. ултрамаратонот од Нова Градишка во Хрватска до Крушево во чест на Тоше Проески — отвора на Скопје1

Споменот за Тоше Проески повторно ги обединува луѓето на патот од Хрватска до Македонија. Денес во Нова Градишка, Република Хрватска, започна 19. ултрамаратон посветен на македонската музичка легенда, чија крајна цел е неговото вечно почивалиште во Крушево.За почетокот на ултрамаратонот информираше амбасадорот на Македонија во Хрватска, Драган Дачо Ѓурчевски, истакнувајќи дека учесниците…

Украина има одговор за најбрзите руски дронови — отвора на Макфакс

Поранешниот украински министер за одбрана, Михаило Федоров – познат по своето залагање за брзи технолошки иновации во војската – претстави нов дрон-пресретнувач наменет за уништување на најбрзите руски борбени беспилотни летала. Со дронот моментално управува пилот, но Федоров изјави дека планира целосно да го автоматизира со помош на вештачка интелигенција, со цел до крајот на …

Чупиќ: Три меча губиме со по еден гол разлика, тоа боли — отвора на SportSport

Македонскиот шампион и синоќа на гостувањето кај Висла Плоцк беше поразен. Вардар загуби со 33:32, и повторно со еден гол разлика. Ова беше четврти пораз за вардарци во исто толку мечеви во ЛШ. Секако дека имаше големо разочарување кај стратегот на “црвено – црните“, Иван Чупиќ не го криеше исто така разочарувањето по ваквиот развој …

Утре почнува есенскиот базар „Обоена есен, рачно создадена“ со 26 современи ракотворци — отвора на Независен весник

Утре, 16 октомври, на приземјето во Скопје Сити Мол започнува тридневен Есенски базар – „Обоена есен, рачно создадена“, посветен на новата генерација домашни ракотворци кои преку својата креативност, препознатлив стил и оригинален пристап ја претвораат рачната изработка во современ израз на уметноста и личниот идентитет. Базарот ќе трае до 18 октомври. Во текот на трите …

Во стан чувала нас 200 кучиња, мачки и кози – Хаос во соседството — отвора на Press24

Педесет и четиригодишна жена е уапсена во Солун откако полицијата открила дека во својот дом чувала повеќе од 200 домашни животни и миленици, соопшти грчката полиција. Жената била уапсена вчера попладне по претходен инцидент и закани што ги упатила кон 35-годишна жена од Алжир, што било причина за итна интервенција на полициските службеници, пренесува „Прототема“. …

Бугарски радикали со жесток говор на омраза кон Македонија ја бранат бегалката Михаилова. Потерницата по Ива го разбуди националистичкото лудило во Софија — отвора на Плусинфо

Случајот со обвинетата која замина во Бугарија предизвика нов бран навредлива и националистичка реторика од Софија. Слави Трифонов го негира македонскиот идентитет, Красимир Каракачанов ги нарекува македонските власти измамници, додека бугарското ВМРО бара блокирање на евроинтеграцијата.

Известуваат и: Инфомакс

Пад на продукцијата на турски серии од 40 отсто за три години — отвора на Независен весник

Анкара – Малкумина би ја оспориле привлечноста на турските телевизиски серии, кои успеаја да ја освојат публиката ширум светот. Сепак, формулата што им го донесе успехот сè потешко се применува.Турската телевизиска индустрија има произведено 40 проценти помалку серии во текот на изминатите три години, како резултат на зголемените трошоци за продукција и промените во навиките …

Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките — отвора на А1он

По повод Меѓународниот ден на руралната жена, раководителот на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) при Левица, Евгенија Станкоска, на денешната прес-конференција најави дека Левица повторно ќе го поднесе Предлог-законот со кој се бара индивидуалните земјоделки да добијат законски загарантирано право на платено породилно отсуство. Предлог-законот беше поднесен во 2023 година,...

Известуваат и: Макфакс

Пожар во трафостаница во Липково, оштетено и паркирано возило — отвора на Либертас

Пожар избувнал во трафостаница во селото Липково, при што било оштетено и паркирано патничко возило „сеат алтеа“, соопштија денеска од СВР Куманово. Пожарот во полицијата бил пријавен денеска во 3:43 часот од Ш.А. од селото Липково. Територијалната противпожарна единица го изгасила пожарот во кој нема повредени лица. Увид на местото на настанот извршила екипа на …

Известуваат и: КурирСкопје ИнфоНетпрес

Луѓето со оваа крвна група ги сметаат за најдобри љубовници — отвора на Курир

Станува збор за луѓето со крвна група 0. Ова е најчестата крвна група, а експертите велат дека е најстарата во светот – таа група настанала прва и ја имале нашите најстари претци. Луѓето во чии вени тече оваа крвна група, одлични се во логично размислување. Тие многу добро се снаоѓаат во просторот и имаат добро чувство за ориентација. Тие едноставно копнеат по чувство на моќ и се во состојба…

Хали Бери обвинета дека физички го малтретирала својот син, еве што вели таа — отвора на Курир

Американската актерка Хали Бери продолжува да одрекува пред Судот дека, како што тврди нејзиниот поранешен сопруг Оливие Мартинез, физички го малтретирала нивниот 13-годишен син Мејс. Бери ги одрекува сите обвинувања. На фотографијата што Мартинез ја приложи пред Судот не се гледаат траги од насилство, така што, според мене, доказот на мојот поранешен сопруг е невалиден, се наведува во судските…

Дел од Центар и од една населба во Скопје утре без вода — отвора на Нетпрес

ЈП Водовод и канализација (ВиК) – Скопје соопшти за привремени прекини на водоснабдувањето утре, четврток, во дел од центарот на главниот град и во дел од населбата Тафталиџе. Така, заради поврзување од стара на нова водоводна мрежа, од ф400 мм на ф200 мм на улица Мирослав Крлежа бб, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците …

Известуваат и: Независен весникКурирФокус+1

Монблан пораснал за речиси два метра, сега е висок 4.807 метри — отвора на МКД.мк

Оваа надморска височина е близу до историската вредност забележана на крајот на 19 век, според стручните геодети од францускиот департман Горна Савоја, кои редовно ја мерат висината на врвот од 2001 година. Сепак, тие предупредуваат на претпазливост и истакнуваат дека ова индивидуално мерење не дозволува да се извлечат заклучоци за влијанието на глобалното затоплување. Висината …

Коки Јанков во „Ништо лично“: „Иако последните два-три месеци од неговиот живот со Дуле не се гледавме, дента тргнавме со еден другар од Штип да го посетиме во болница, но лошата вест не затече по пат“ (ВИДЕО) — отвора на Вистина.мк

Во најновото издание на интер ток шоуто „Ништо лично“, поткаст гостин кај Антонио Димитриевски беше Никола Коки Јанков, член на некогаш мегапопуларното дуо Дуле и Коки кој зборуваше за својот животен и професионален пат. Ако животната приказна на Коки Јанков треба да се сведе на една линија, тогаш тоа е патот од момчето од Штип со виолина до музичарот што успеал да ја зачува својата професионална…

Зеленски: Украина ќе ги обнови нападите врз руските рафинерии — отвора на Курир

Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“. -Забраната за напади врз рафинериите е укината. Завршивме со тоа, истакна Зеленски. Претседателот на САД, Доналд Трамп на 11 октомври изјави дека е постигнато енергетско примирје меѓу Русија и Украина, кое ќе стапи во сила веднаш. Подоцна, Зеленски…

Известуваат и: Независен весникФокусВечер+6