Масовни немири во Франција: уапсени 1.200 лица, запалени јавни згради и ограбени продавници
Преглед
Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.
Најмалку 150 полицајци и жандарми се повредени во насилствата што избувнаа за време на масовните протести против високите животни трошоци и влошувањето на јавните услуги. Во Лимож речиси целосно е уништено историското градско собрание, додека во Париз, Марсеј, Лион и Бордо се регистрирани пожари,…
Клучни точки
- Француската полиција уапси 1.200 лица за време на насилните немири што избувнаа вчера на маргините на масовните протести низ целата земја. [24 Инфо]
- Најмалку 150 полицајци и припадници на жандармеријата се повредени, соопшти премиерот Себастијан Лекорну. [Лидер]
Споредба на известувањето
Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.
Бројки во насловите
Насловите на различни медиуми носат различни бројки. Не одлучуваме која е точна — провери ги извештаите.
- 1200 — Макфакс, Лидер
- 1000 — 24 Инфо
Сите извештаи (4)
- Макфакспрв
(Видео) Масовни немири во Франција: уапсени 1.200 лица, запалени јавни згради и ограбени продавници
Најмалку 150 полицајци и жандарми се повредени во насилствата што избувнаа за време на масовните протести против високите животни трошоци и влошувањето на јавните услуги. Во Лимож речиси целосно е уништено историското градско собрание, додека во Париз, Марсеј, Лион и Бордо се регистрирани пожари, грабежи и судири со полицијата. Des véhicules de police sont prises …
Истиот текст го објавија и (1): Масовни протести во Франција, запалени објекти и над 1000 уапсени
Француската полиција уапси 1.200 лица за време на насилните немири што избувнаа вчера на маргините на масовните протести низ целата земја. Најмалку 150 полицајци и жандармериски службеници беа повредени, објави премиерот Себастјен Лекорну. Учесниците во немирите запалија јавни згради и автомобили, ограбија продавници и нападнаа полиција. Во Лимож, градското собрание беше речиси целосно изгорено…
(ВИДЕО) ФРАНЦИЈА ВО ПЛАМЕН: Војна на улиците, уапсени 1.200 лица, изгоре историски симбол
ФРАНЦУСКАТА полиција уапси 1.200 лица за време на насилните немири што вчера избувнаа на маргините на масовните протести низ земјата. Најмалку 150 полицајци и припадници на жандармеријата се повредени, соопшти премиерот Себастијан Лекорну. Учесниците во нередите палеле јавни објекти и автомобили, ограбувале продавници и ја напаѓале полицијата. Во Лимож речиси целосно изгорело градското собрание…
Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.