Нови судири во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец ги брка демонстрантите
Преглед
Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.
Осмиот ден од протестите во Албанија завршува со нови тензии во центарот на Тирана. Демонстрантите запалија контејнери, а полицијата интервенира со водени топови и солзавец.
Клучни точки
- Полицијата во Тирана, на осмиот ден од протестите, употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои бараат оставка на премиерот Еди Рама. [Курир]
- Протестниот собир првично започна мирно и без поголеми тензии меѓу младите учесници и полициските кордони. [Лидер]
Споредба на известувањето
Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.
- РацинНови судири во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец ги брка демонстрантите
- КурирВИДЕО: Осми ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантите
- БрифОсми ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантитеИсто како текстот на Курир
- ЛидерАНТИВЛАДИНОТО ДВИЖЕЊЕ БАРА ОСТАВКА: Полицијата со водени топови и солзавец ги растера демонстрантите во Тирана
- ДенешенОсми ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантите (ВИДЕО)Исто како текстот на Курир
Сите извештаи (6)
- Рацинпрв
Нови судири во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец ги брка демонстрантите
Осмиот ден од протестите во Албанија завршува со нови тензии во центарот на Тирана. Демонстрантите запалија контејнери, а полицијата интервенира со водени топови и солзавец. Во меѓувреме, албанскиот претседател Бајрам Бегај одржа средби со западни дипломати и поранешни претседатели, додека професорите најавуваат продолжување на поддршката за студентското движење. Протестите против владата на Еди…
ВИДЕО: Осми ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантите
Полицијата во Тирана, на осмиот ден од протестите, употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои бараат оставка на премиерот Еди Рама. Протестот почнаа без поголеми тензии или судири меѓу младите демонстранти и полицајците. Три часа од почетокот на протестите, група млади демонстранти фрлија молотови коктели кон канцеларијата на премиерот, како и камења полицијата, која…
АНТИВЛАДИНОТО ДВИЖЕЊЕ БАРА ОСТАВКА: Полицијата со водени топови и солзавец ги растера демонстрантите во Тирана
Полицијата во Тирана, на осмиот ден од масовните протести, употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои бараат оставка од албанскиот премиер Еди Рама. Протестниот собир првично започна мирно и без поголеми тензии меѓу младите учесници и полициските кордони. По три часа од почетокот на собирот, група млади демонстранти почнаа да фрлаат молотови коктели кон зградата на…
Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.