Нови судири во Тирана: студентите бараат Рама да поднесе оставка

Фото: Рацин
Известуваат 3 медиумиПрв објави ТРН · · последен

Во овој настан:Рама

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Студентскиот протест во Тирана денеска, 7 ноември, прераснал во судири со полицијата пред седиштето на премиерот Еди Рама. Студентите и поддржувачите на опозицијата побарале негова оставка, а полицијата интервенирала со водени топови и солзавец.

Клучни точки

  • По стемнувањето, полицијата употребила воден топ за да ги растера демонстрантите, додека на улицата бил запален оган. [Рацин]
Прочитај на ТРН

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (4)

  1. ТРНпрв

    Нови судири во Тирана: студентите бараат Рама да поднесе оставка

    Студентскиот протест во Тирана денеска, 7 ноември, прераснал во судири со полицијата пред седиштето на премиерот Еди Рама. Студентите и поддржувачите на опозицијата побарале негова оставка, а полицијата интервенирала со водени топови и солзавец. Собирот започнал во 14 часот пред Министерството за образование. Студентите, организирани во групата „Студенти на протест“, извикувале пароли против…

  2. Инфомакс

    (Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана, одново се судрија со полицијата

    Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска излегоа на масовен протест во Тирана, барајќи оставка од премиерот Еди Рама, а демонстрациите прераснаа во судири со полицијата, која употреби водени топови и солзавец за да ја растера толпата. Протестот започна во 14 часот пред Министерството за образование, каде што студентите, организирани во групата „Студенти на протест“, ...

  3. Рацин

    Студентите во Албанија го засилуваат притисокот врз Рама, нови судири во Тирана

    Студентскиот протест во Тирана на 7 ноември повторно бил проследен со судири и полициска интервенција. По стемнувањето, полицијата употребила воден топ за да ги растера демонстрантите, додека на улицата бил запален оган. Собирот се одржал пред Министерството за образование, а главното барање на студентското движење останува оставка од премиерот Еди Рама, според извештајот на „Телеграф“ ...

  4. ТРН

    Судири во Тирана: водени топови и оган на студентскиот протест

    Нови судири во Тирана го одбележаа студентскиот протест на 7 ноември пред Министерството за образование. Полицијата употребила воден топ за да ги растера собраните, додека на улицата бил запален оган, наведува „Телеграф“ во извештај потпишан и со агенцијата Танјуг. Тензиите дополнително пораснале по стемнувањето. Во извештајот се наведува дека на социјалните мрежи се појавиле и ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.