13 повредени во Тирана е билансот од синоќешниот протест, за денес најавени нови немири

6 извори · 6 извештаи1 препишан · независноста не е проверенаПрв објави Рацин · · последен
Прочитај на Рацин (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Тринаесет лица побарале медицинска помош по вчерашниот протест во Тирана, каде протестот на 24 октомври прерасна во повеќечасовни пресметки со полицијата. Според последниот проверен здравствен биланс, повредени се осум демонстранти, тројца полицајци и двајца медиумски работници.

Клучни точки

  • Тринаесет лица побарале медицинска помош по вчерашните протести во Тирана, соопшти албанското Министерство за здравство и социјална благосостојба. [24 Инфо]
  • Според здравствениот биланс со пресек во 19:45 часот, повредени се осум демонстранти, тројца полицајци и двајца медиумски работници, пренесува Рацин. [ТРН]
  • За денеска е најавен нов протест пред Министерството за образование. [А1он]
  • Протестот на 24 октомври прерасна во повеќечасовни пресметки, со запалени контејнери, оштетени излози и употреба на солзавец, водени топови и гумени куршуми. [Булевар]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (6)

  1. Рацинпрв

    13 повредени во Тирана е билансот од синоќешниот протест, за денес најавени нови немири

    Тринаесет лица побарале медицинска помош по вчерашниот протест во Тирана, каде протестот на 24 октомври прерасна во повеќечасовни пресметки со полицијата. Според последниот проверен здравствен биланс, повредени се осум демонстранти, тројца полицајци и двајца медиумски работници. За денес е најавен нов протест пред Министерството за образование. Податоците на Министерството за здравство се со…

  2. 24 Инфо

    Тринаесет повредени по судирите во Тирана, четворица демонстранти останаа во болница

    Тринаесет лица побарале медицинска помош по вчерашните протести во Тирана, соопшти албанското Министерство за здравство и социјална благосостојба. Меѓу повредените се осум демонстранти, тројца полицајци и двајца медиумски работници. Според билансот објавен синоќа, девет лица биле примени во Универзитетската болница за трауматологија — седум демонстранти и двајца претставници на медиумите. Петмина…

  3. ТРН

    Тирана ја потресуваат судири, синоќа 13 повредени и најави за нови протести денес

    Тринаесет лица побарале медицинска помош по вчерашните судири во Тирана, каде што протестите повторно прераснаа во повеќечасовни пресметки со полицијата. Според здравствениот биланс со пресек во 19:45 часот, повредени се осум демонстранти, тројца полицајци и двајца медиумски работници, пренесува Рацин. Собирот на 24 октомври започнал околу 14 часот пред Министерството за образование, на…

  4. А1он

    ВИДЕО: Опасна ескалација во Тирана, нови протести најавени за денеска

    Тринаесет лица побараа медицинска помош по вчерашниот протест во Тирана, кој на 24 октомври прерасна во повеќечасовни судири со полицијата. Според последниот проверен здравствен биланс, повредени се осум демонстранти, тројца полицајци и двајца медиумски работници. За денеска е најавен нов протест пред Министерството за образование. 🇦🇱 Mass anti-government protests continue...

  5. Булевар

    (ВИДЕО) Тирана по ноќта на судири: 13 повредени, запален влез на министерство – денес нов протест

    Осум демонстранти, тројца полицајци и двајца медиумски работници побарале медицинска помош по саботните судири во Тирана. Протестот на 24 октомври прерасна во повеќечасовни пресметки, со запалени контејнери, оштетени излози и употреба на солзавец, водени топови и гумени куршуми. За денес, 25 октомври, најавено е ново собирање пред Министерството за образование. Билансот од 13 повредени се …

    Истиот текст го објавија и (1):

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.