Зошто во Македонија не се воведуваат вињетки?

5 извори · 5 извештаи1 препишан · независноста не е проверенаПрв објави Фактор · · последен
Прочитај на Фактор (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Николоски објасни дека тоа драстично ќе ги зголеми трошоците за возачите Воведувањето вињетки наместо постојниот систем на наплата на патарини во Македонија би предизвикало значително зголемување на трошоците за сопствениците на возила. Причината е што најголем дел од регистрираните автомобили во…

Клучни точки

  • Наместо тоа, државата сè повеќе се насочува кон електронска наплата и кон модел во кој возачите би плаќале според реално поминатото растојание на автопатиштата. [Пари]
  • Македонија засега нема да воведува годишни вињетки наместо патарини, но се отвора можност за повластена наплата за граѓаните што секојдневно користат автопат за да стигнат на работа. [Рацин]
  • Тоа би значело дека возачите ќе плаќаат во зависност од тоа колку километри поминале на автопат, наместо да купуваат временска дозвола. [Скопје Инфо]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (5)

  1. Факторпрв

    Зошто во Македонија не се воведуваат вињетки?

    Николоски објасни дека тоа драстично ќе ги зголеми трошоците за возачите Воведувањето вињетки наместо постојниот систем на наплата на патарини во Македонија би предизвикало значително зголемување на трошоците за сопствениците на возила. Причината е што најголем дел од регистрираните автомобили во земјата воопшто не ги користат автопатите и експресните патишта, а со ваквиот модел би биле опфатени…

  2. Пари

    Наместо годишна вињетка – електронска наплата според поминати километри

    Македонија засега нема да ги замени патарините со вињетки. Наместо тоа, државата сè повеќе се насочува кон електронска наплата и кон модел во кој возачите би плаќале според реално поминатото растојание на автопатиштата. Министерот за транспорт Александар Николоски објасни дека анализите покажале оти повеќе од 70 отсто од домашните возила не излегуваат од општината во ...

  3. Рацин

    Нема годишни вињетки, но се разгледува поевтина патарина за оние што патуваат на работа

    Македонија засега нема да воведува годишни вињетки наместо патарини, но се отвора можност за повластена наплата за граѓаните што секојдневно користат автопат за да стигнат на работа. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оцени дека општото воведување вињетки би ги зголемило трошоците за голем дел од сопствениците на возила, но ја прифати како добра ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. Скопје Инфо

    Наместо годишна вињетка, патарини според поминатите километри: Што планира Македонија?

    Македонија засега нема да воведе годишни вињетки за користење на автопатиштата, туку се разгледува модел на електронска наплата според поминатото растојание. Тоа би значело дека возачите ќе плаќаат во зависност од тоа колку километри поминале на автопат, наместо да купуваат временска дозвола.

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.