Продажбата на паметни телефони падна на најниско ниво за третиот квартал во последните 14 години

Фото: Иновативност
Известуваат 4 медиумиПрв објави Иновативност · · последен

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Глобалниот пазар на паметни телефони забележа остар пад во текот на третиот квартал од 2026 година. Според Counterpoint Research, продажбата била за 20% пониска отколку во истиот период минатата година, што претставува најниско ниво за третиот квартал од 2012 година.

Клучни точки

  • Како една од главните причини за падот се посочува недостигот на мемориски компоненти. [Булевар]
Прочитај на Иновативност

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Бројки во насловите

Насловите на различни медиуми носат различни бројки. Не одлучуваме која е точна — провери ги извештаите.

  • 20 — Булевар, Прва Скопска
  • 14 — Иновативност

Сите извештаи (4)

  1. Иновативностпрв

    Продажбата на паметни телефони падна на најниско ниво за третиот квартал во последните 14 години

    Глобалниот пазар на паметни телефони забележа остар пад во текот на третиот квартал од 2026 година. Според Counterpoint Research, продажбата била за 20% пониска отколку во истиот период минатата година, што претставува најниско ниво за третиот квартал од 2012 година. Една од главните причини е недостигот на мемориски компоненти. Зголемувањето на цените за DRAM и ...

  2. Булевар

    Телефоните поскапеа за околу 20 отсто, а продажбата падна за една петтина

    Во третиот квартал од 2026 година во светот биле продадени 20 отсто помалку паметни телефони отколку во истиот период лани, според податоците на „Каунтерпоинт рисрч“. Тоа е најниското ниво на продажба за трет квартал од 2012 година. Како една од главните причини за падот се посочува недостигот на мемориски компоненти. Поскапувањето на DRAM и NAND ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  3. Прва Скопска

    Светот купува помалку телефони: Продажбата падна за 20 отсто

    Продажбата на паметни телефони во светот забележала значителен пад во третиот квартал од 2026 година, достигнувајќи го најниското ниво за овој период од 2012 година, покажуваат податоците на „Каунтерпоинт рисрч“. Според анализата, во периодот јули-септември биле продадени 20 отсто помалку паметни телефони во споредба со истиот квартал минатата година. Како главна причина за падот се ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.