Белгискиот премиер Барт де Вевер ќе поднесе оставка по неуспешните буџетски преговори

5 извори · 5 извештаи1 препишан · независноста не е проверенаПрв објави Инфомакс · · последен

Во овој настан:БартВеверБелгија

Прочитај на Инфомакс (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Белгискиот премиер Барт де Вевер во понеделник подоцна во текот на денот ќе му понуди оставка на својот кабинет на кралот Филип, по неуспешните ноќни преговори за буџетот, објавуваат локалните медиуми. Де Вевер во 9:30 часот по средноевропско време ќе биде примен од кралот, објави јавниот радиодифузен сервис ВРТ.

Клучни точки

  • Неуспехот во преговорите ја отвори можноста за нова политичка криза во земјата, објавуваат белгиските медиуми, а пренесува Ројтерс. [ТРН]
  • Се очекува белгискиот премиер Барт де Вевер да поднесе оставка денеска, откако синоќа пропадна уште една рунда разговори за буџетот за следната година, јавија локалните медиуми. [Бриф]
  • Овој потег доаѓа откако ноќните преговори за државниот буџет завршија без договор. [Макфакс]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (5)

  1. Инфомакспрв

    Белгискиот премиер Барт де Вевер ќе поднесе оставка по неуспешните буџетски преговори

    Белгискиот премиер Барт де Вевер во понеделник подоцна во текот на денот ќе му понуди оставка на својот кабинет на кралот Филип, по неуспешните ноќни преговори за буџетот, објавуваат локалните медиуми. Де Вевер во 9:30 часот по средноевропско време ќе биде примен од кралот, објави јавниот радиодифузен сервис ВРТ. Ова следува по неуспешните преговори со ...

  2. ТРН

    Политичка криза во Белгија: Премиерот Барт де Вевер најави оставка по неуспешните буџетски преговори

    Белгискиот премиер Барт де Вевер се очекува да му ја понуди оставката на владата на кралот Филип, откако повеќечасовните преговори за државниот буџет завршија без договор. Неуспехот во преговорите ја отвори можноста за нова политичка криза во земјата, објавуваат белгиските медиуми, а пренесува Ројтерс. Според информациите на белгиската јавна телевизија ВРТ, средбата на Де Вевер ...

  3. Бриф

    Белгиски медиуми: Премиерот Барт де Вевер се очекува да поднесе оставка откако преговорите за буџетот не успеаја

    Се очекува белгискиот премиер Барт де Вевер да поднесе оставка денеска, откако синоќа пропадна уште една рунда разговори за буџетот за следната година, јавија локалните медиуми. Владејачката коалиција не може да се договори како да се надмине буџетскиот дефицит – со нови даноци или намалување на трошоците. Се прецизира дека фламанските социјалисти бараат повеќе даноци, ...

  4. Макфакс

    Политичка криза во Белгија: Премиерот најави оставка

    Белгискиот премиер Барт Де Вевер ќе му ја понуди оставката на својата влада на кралот Филип, јавуваат локалните медиуми. Овој потег доаѓа откако ноќните преговори за државниот буџет завршија без договор. Јавниот сервис VRT пренесува дека средбата на Де Вевер со кралот е закажана за 9:30 часот, наведува Euronews. Владата е исправена пред потребата да ...

    Истиот текст го објавија и (1):

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.