Најмалку 10 загинати и десетици повредени во судир на два воза јужно од Мадрид

6 извори · 6 извештаи2 препишани · независноста не е проверенаПрв објави ТРН · · последен
Прочитај на ТРН (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Најмалку десет лица загинаа, а поголем број патници се повредени откако два брзи воза се судрија утрово јужно од Мадрид, во централната шпанска провинција Толедо. Државниот железнички оператор Адиф веднаш го прекина сообраќајот на клучната линија што ја поврзува престолнината со Сиудад Реал и регионот Андалузија.

Клучни точки

  • „Сообраќајот на линијата за брзи возови Мадрид-Андалузија е прекинат поради судир на два воза“, објавија шпанските железници на X. [Денешен]
  • Најмалку 10 лица загинале во судир на два брзи воза на железничката линија што го поврзува Мадрид со Андалузија, според првичните информации што ги пренесува „Слободен печат“, повикувајќи се на Ројтерс. [Булевар]
  • Властите стравуваат дека бројот на жртви би можел да биде уште поголем. [Либертас]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (6)

  1. ТРНпрв

    Најмалку 10 загинати и десетици повредени во судир на два воза јужно од Мадрид

    Најмалку десет лица загинаа, а поголем број патници се повредени откако два брзи воза се судрија утрово јужно од Мадрид, во централната шпанска провинција Толедо. Државниот железнички оператор Адиф веднаш го прекина сообраќајот на клучната линија што ја поврзува престолнината со Сиудад Реал и регионот Андалузија. Спасувачките екипи и итната медицинска помош се на терен, ...

  2. Денешен

    НЕСРЕЌА ВО ШПАНИЈА: Се судрија два брзи воза на линијата Мадрид – Андалузија, медиуми објавуваат за голем број повредени

    Два брзи воза воза се судрија денеска во Шпанија, поради што е во прекин железничкиот сообраќај на линијата што ги поврзува Мадрид со регионот Андалузија. „Сообраќајот на линијата за брзи возови Мадрид-Андалузија е прекинат поради судир на два воза“, објавија шпанските железници на X. Шпанскиот весник Ел Паис објави за голем број повредени и дека екипите за итни случаи се на терен. Истиот весник…

    Истиот текст го објавија и (1):
  3. Булевар

    Најмалку 10 загинати, многумина повредени: Тешка несреќа на брзата железница во Шпанија

    Најмалку 10 лица загинале во судир на два брзи воза на железничката линија што го поврзува Мадрид со Андалузија, според првичните информации што ги пренесува „Слободен печат“, повикувајќи се на Ројтерс. Спасувачките екипи се на терен, а постои стравување дека бројот на жртви може да се зголеми. Несреќата се случила малку по девет часот наутро, ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. Либертас

    ВИДЕО: Страшна несреќа во Шпанија: се судрија два брзи воза, има многу загинати и повредени

    Најмалку 10 луѓе загинаа во судир на два брзи воза во Шпанија што се случи утрово на железницата која го поврзува Мадрид со Андалузија. Властите стравуваат дека бројот на жртви би можел да биде уште поголем. Поради сериозната несреќа сообраќајот на брзата железница е прекинат, пренесe Ројтерс. Според информациите, во едниот воз имало 146, а ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.