Охрид и Алкалоид ги добиваат ривалите за третото коло на ЕХФ Европскиот куп

7 извори · 7 извештаи2 препишани · независноста не е проверенаПрв објави Независен весник · · последен

Во овој настан:АлкалоидЕХФ

Прочитај на Независен весник (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Две македонски екипи се дел од групата носители на денешното извлекување на двојките за третото коло од ЕХФ Европскиот куп. Во оваа фаза се наоѓаат 32 екипи од 24 држави, а покрај македонските две екипи, по два тима имаат уште Романија, Србија и Швајцарија, додека Грција и Словенија имаат по три претставници.

Клучни точки

  • Македонските ракометни претставници во ЕХФ Европскиот куп денеска ги дознаа противниците за третото коло од натпреварувањето. [SportSport]
  • Бранителот на пехарот во ова натпреварување ГРК Охрид за противник ја има екипата на Драгунас Клаипеда од Литванија, која пред две сезони беше противник на Алкалоид. [Курир]
  • Бранителот на гтрофејот, ГРК Охрид, во второто коло немаше проблеми со Спор Тото од Турција, забележа две убедливи победи. [Макфакс]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (7)

  1. Независен весникпрв

    Охрид и Алкалоид ги добиваат ривалите за третото коло на ЕХФ Европскиот куп

    Две македонски екипи се дел од групата носители на денешното извлекување на двојките за третото коло од ЕХФ Европскиот куп. Во оваа фаза се наоѓаат 32 екипи од 24 држави, а покрај македонските две екипи, по два тима имаат уште Романија, Србија и Швајцарија, додека Грција и Словенија имаат по три претставници. Во групата носители ...

  2. Нова Македонија

    Охрид и Алкалоид се во првиот барабан за денешната ждрепка во Европскиот куп

    РАКОМЕТ Во третото коло ќе настапат 32 екипи од 24 земји, Грција и Словенија имаат по три тима, а Македонија, Романија, Србија и Швајцарија по два, пишува ЕХФ По завршувањето на второто коло викендов, 32-те екипи што се пласираа понатаму во Европскиот куп за ракометари денеска ќе ги дознаат ривалите, а македонските претставници, Охрид и ...

  3. SportSport

    Алкалоид и Охрид ги добија противниците за третата рунда вo ЕХФ Европскиот куп

    Македонските ракометни претставници во ЕХФ Европскиот куп денеска ги дознаа противниците за третото коло од натпреварувањето. Алкалоид ќе се соочи со словенечкиот тим Горење Велење, додека ГРК Охрид за противник го доби литванскиот Драгунас Клаипеда. Посериозен предизвик го очекува тимот на Алкалоид, кој ќе ги одмери силите со силниот словенечки состав, екипа со традиција и ...

  4. Курир

    Охрид со противник од Литванија, Алкалоид со ривал од Словенија во 3.коло од ЕХФ Европскиот куп

    Во Виена денеска се одржа извлекувањето на двојките за третото коло од ЕХФ Европскиот куп. Македонските претставници за ривали добија екипи од Литванија и од Словенија. Бранителот на пехарот во ова натпреварување ГРК Охрид за противник ја има екипата на Драгунас Клаипеда од Литванија, која пред две сезони беше противник на Алкалоид. Вториот македонски претставник Алкалоид има потешка задача и за...

    Истиот текст го објавија и (2):
  5. Макфакс

    ГРК Охрид против Клаипеда, Алкалоид против Горење Велење

    Репрезентите на Македонија, во ЕХФ Европскиот куп, ГРК Охрид и Алкалоид го добија противниците со кои ќе се соочат во третото коло. Бранителот на гтрофејот, ГРК Охрид, во второто коло немаше проблеми со Спор Тото од Турција, забележа две убедливи победи. Во третата рунда, екипата од Охрид ќе се соочи со екипа од Литванија. На ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.