Наместо чекање на шалтери, данокот на имот ќе се плаќа електронски, Град Скопје подготвува нова платформа
Преглед
Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во гостувањето во „Утринско еспресо“ на Радио Лидер истакна дека по години застој во дигитализацијата на локалните услуги, Град Скопје повторно работи на воспоставување електронски систем за поднесување и плаќање на данокот на имот, кој во…
Клучни точки
- Град Скопје подготвува нова електронска платформа за данокот на имот, со која треба да се олеснат административните постапки и да се овозможи поедноставно користење на услугите од страна на граѓаните. [Скопје Инфо]
- Електронското плаќање данок на имот во Скопје е достапно со години, а градскиот портал и денес нуди таква услуга. [Рацин]
Споредба на известувањето
Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.
- ЛидерНаместо чекање на шалтери, данокот на имот ќе се плаќа електронски, Град Скопје подготвува нова платформа
- Независен весникДанокот на имот ќе се плаќа електронски, Град Скопје подготвува нова платформа, што со старата?
- Скопје ИнфоДанокот на имот во Скопје ќе се плаќа електронски, Градот подготвува нова платформа
- РацинМинистерот Андоновски не знае дека веќе 10 години данок во Скопје се плаќа електронски
Сите извештаи (4)
- Лидерпрв
Наместо чекање на шалтери, данокот на имот ќе се плаќа електронски, Град Скопје подготвува нова платформа
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во гостувањето во „Утринско еспресо“ на Радио Лидер истакна дека по години застој во дигитализацијата на локалните услуги, Град Скопје повторно работи на воспоставување електронски систем за поднесување и плаќање на данокот на имот, кој во иднина би можел да биде интегриран и во националната апликација за дигитални услуги. Андоновски...
Данокот на имот ќе се плаќа електронски, Град Скопје подготвува нова платформа, што со старата?
Град Скопје повторно работи на воспоставување електронски систем за поднесување и плаќање на данокот на имот, кој во иднина би можел да биде интегриран и во националната апликација за дигитални услуги, потврди денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во гостувањето во „Утринско еспресо“ на радио Лидер. Андоновски потсети дека порано постоеше порталот „Скопје.гов.мк“, преку...
Данокот на имот во Скопје ќе се плаќа електронски, Градот подготвува нова платформа
Град Скопје подготвува нова електронска платформа за данокот на имот, со која треба да се олеснат административните постапки и да се овозможи поедноставно користење на услугите од страна на граѓаните.
Министерот Андоновски не знае дека веќе 10 години данок во Скопје се плаќа електронски
Електронското плаќање данок на имот во Скопје е достапно со години, а градскиот портал и денес нуди таква услуга. Сепак, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека Градот работи на платформа за електронско поднесување и плаќање, која подоцна би се поврзала со националната мобилна апликација за дигитални услуги. Уште во соопштение од 11 април ...
Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.