Му го одзеле пиштолот на полицаец, со БМВ бегале кон Тетово и удриле во банкина – кривични пријави против три лица

8 извори · 8 извештаи4 препишани · независноста не е проверенаПрв извештај · последен
Прочитај на Скопје Инфо (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

СВР Скопје поднесе кривични пријави против три лица во врска со настанот од 7 октомври на улицата „Црногорска“ во Скопје, кога при полициска акција поврзана со сомнение за купопродажба на марихуана, две лица се дале во бегство со автомобил, а на еден од полицајците му бил одземен службениот пиштол.

Клучни точки

  • Во врска со кривично правниот настан, кој се случил на 07.10.2026 околу 20:25 часот на ул.„Црногорска“ во Скопје каде при заседа на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, а по претходно добиени оперативни сознанија дека ќе биде извршено кривично дело по член 215, купопродажба на… [Нова Македонија]
  • МВР поднесе кривични пријави против три лица за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” во врска со настанот што се случи на 7 октомври, а во кој наводно… [Макфакс]
  • Полицијата поднесе кривични пријави против три лица за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. [Фактор]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (8)

  1. Скопје Инфо

    Му го одзеле пиштолот на полицаец, со БМВ бегале кон Тетово и удриле во банкина – кривични пријави против три лица

    СВР Скопје поднесе кривични пријави против три лица во врска со настанот од 7 октомври на улицата „Црногорска“ во Скопје, кога при полициска акција поврзана со сомнение за купопродажба на марихуана, две лица се дале во бегство со автомобил, а на еден од полицајците му бил одземен службениот пиштол.

  2. Нова Македонија

    Кривични пријави против три лица за попречување на полициски службеник и трговија со дрога

    Во врска со кривично правниот настан, кој се случил на 07.10.2026 околу 20:25 часот на ул.„Црногорска“ во Скопје каде при заседа на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, а по претходно добиени оперативни сознанија дека ќе биде извршено кривично дело по член 215, купопродажба на марихуана, веднаш по добиените информации преземени се соодветни мерки …

    Изменето од издавачот (2 верзии)
    Истиот текст го објавија и (4):
  3. Макфакс

    МВР со детали за случајот со наводниот напад на млади лица од страна на полицајци

    МВР поднесе кривични пријави против три лица за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” во врска со настанот што се случи на 7 октомври, а во кој наводно полицајци брутално претепале две млади лица. По објавите дека …

  4. Фактор

    Му го одзеле пиштолот на полицаец, со БМВ бегале кон Тетово и удриле во банкина

    Полицијата поднесе кривични пријави против три лица за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. Тројцата се соочуваат со кривични пријави за поврзаност со случај на дрога и спречување службени лица во вршење службено дејствие, откако на 7 октомври во Скопје…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.