Нападнат аеродром во Саудиска Арабија: Едно лице загина, осум се повредени

5 извори · 5 извештаи1 препишан · независноста не е проверенаПрв објави ТРН · · последен
Прочитај на ТРН (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Едно лице загина, а осум други се повредени во напад врз меѓународниот аеродром „Крал Фахд“ во Дамам, во источниот дел на Саудиска Арабија, соопшти Генералниот орган за цивилно воздухопловство на Саудиска Арабија (GACA). Нападот се случил во средата навечер.

Клучни точки

  • Едно лице е убиено, а осум други се ранети во напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Фахд“ во градот Дамам во Саудиска Арабија ноќта кон четвртокот, извести агенцијата Reuters повикувајќи се на саудискиот регулатор за цивилно воздухопловство. [Нетпрес]
  • Претходно, саудиското Министерство за енергетика соопшти дека две лица загинале, а две биле повредени откако врз нив паднале остатоци од беспилотно летало што било пресретнато. [Инфомакс]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (5)

  1. ТРНпрв

    Нападнат аеродром во Саудиска Арабија: Едно лице загина, осум се повредени

    Едно лице загина, а осум други се повредени во напад врз меѓународниот аеродром „Крал Фахд“ во Дамам, во источниот дел на Саудиска Арабија, соопшти Генералниот орган за цивилно воздухопловство на Саудиска Арабија (GACA). Нападот се случил во средата навечер. Сите осум повредени биле пренесени во болници, а нивната состојба се движела од полесни повреди до …

  2. Нетпрес

    Најмалку три жртви во новите напади на јеменските бунтовници врз Саудиска Арабија

    Едно лице е убиено, а осум други се ранети во напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Фахд“ во градот Дамам во Саудиска Арабија ноќта кон четвртокот, извести агенцијата Reuters повикувајќи се на саудискиот регулатор за цивилно воздухопловство. Во соопштението се наведува дека се врши проценка на материјалната штета. Малку претходно агенцијата Associated Press ја пренесе објавата …

  3. Инфомакс

    (Видео) Хутите нападнаа аеродром во Саудиска Арабија – еден загинат и осум повредени

    Едно лице загина, а осум други беа повредени во напад врз меѓународниот аеродром „Крал Фахд“ во Дамам, Саудиска Арабија, во средата вечерта, соопшти Управата за цивилно воздухопловство на земјата. Претходно, саудиското Министерство за енергетика соопшти дека две лица загинале, а две биле повредени откако врз нив паднале остатоци од беспилотно летало што било пресретнато. Според …

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. А1он

    Две лица загинаа, а осум се повредени во напад на аеродром во Саудиска Арабија

    Две лица загинаа, а осум се повредени во напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Фахд“ во Дамам, во источна Саудиска Арабија, соопшти денеска Саудиската општа управа за цивилно воздухопловство. Меѓу загинатите има државјани на Саудиска Арабија и на Индија, додека осумте повредени се здобиле со повреди кои варираат од полесни до...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.