Вучиќ го призна поразот на изборите во Србија: „Ќе им покажеме што значи да се биде опозиција“

4 извори · 4 извештаиПрв објави Фактор · · последен
Прочитај на Фактор (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ го призна поразот на денешните вонредни парламентарни избори во Србија. Обраќајќи се од седиштето на изборната листа „Обединета Србија“, Вучиќ изјави дека според податоците со кои располага, Студентската листа освоила мнозинство од пратеничките места во српскиот парламент.

Клучни точки

  • Признанието дојде по изборен ден со висока излезност и извештаи за неправилности и насилни инциденти. [24 Инфо]
  • Според првичните резултати што самиот ги соопшти, Студентската листа освоила околу 2,2 милиони гласови, додека неговата листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ добила приближно 1,72 милиони гласови. [Лидер]
  • Студентската листа ќе има помеѓу 135 и 140 мандати [Мета.мк]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (4)

  1. Факторпрв

    Вучиќ го призна поразот на изборите во Србија: „Ќе им покажеме што значи да се биде опозиција“

    Српскиот претседател Александар Вучиќ го призна поразот на денешните вонредни парламентарни избори во Србија. Обраќајќи се од седиштето на изборната листа „Обединета Србија“, Вучиќ изјави дека според податоците со кои располага, Студентската листа освоила мнозинство од пратеничките места во српскиот парламент. „Врз основа на она што го гледаме, јасно е дека ги загубивме овие избори. Студентската…

    Изменето од издавачот (2 верзии)
  2. 24 Инфо

    Вучиќ призна пораз: Студентската листа победи на изборите во Србија

    Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“, вечерва призна пораз на вонредните парламентарни избори и рече дека победила Студентската листа. ,,Студентската листа ќе има 135 а ние 105 или 106 пратеници” изјави Вучиќ во централниот штаб. Признанието дојде по изборен ден со висока излезност и извештаи за неправилности и насилни инциденти. Според проценката на Ипсос …

  3. Лидер

    ВУЧИЌ ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ: Студентите освоија 2,2 милиони гласови, СНС оди во опозиција со околу 105 пратеници

    Александар Вучиќ го призна поразот на денешните вонредни парламентарни избори во Србија. Според првичните резултати што самиот ги соопшти, Студентската листа освоила околу 2,2 милиони гласови, додека неговата листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ добила приближно 1,72 милиони гласови. Обраќајќи се од изборниот штаб на Српската напредна странка, Вучиќ соопшти дека, врз основа на обработениот…

  4. Мета.мк

    Вучиќ го призна поразот на вонредните избори во Србија, порача дека ќе покаже што значи да се биде опозиција

    Студентската листа ќе има помеѓу 135 и 140 мандати

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.