Најголемиот криптограбеж во историјата: Хакери упаднаа во „Бајнанс“, загрозени 6,3 милијарди долари – трагите водат кон Северна Кореја

4 извори · 4 извештаиПрв објави Фактор · · последен

Во овој настан:Бајнанс

Прочитај на Фактор (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Најголемата берза за криптовалути во светот, „Бајнанс“ (Binance), потврди сериозен безбедносен инцидент во кој се погодени дигитални средства вредни околу 6,3 милијарди долари. Компанијата соопшти дека со помош на партнерите успеала да замрзне околу три милијарди долари и дека ќе ги покрие сите загуби.

Клучни точки

  • Според американската компанија за анализа на блокчејн-трансакции TRM Labs, најголемиот дел од средствата биле префрлени за само дваесетина минути, а нападот бил изведен на 29 октомври. [Пари]
  • Платформата ги замрзна депозитите и исплатите и вети дека ќе ги покрие загубите. [Канал 77]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (4)

  1. Факторпрв

    Најголемиот криптограбеж во историјата: Хакери упаднаа во „Бајнанс“, загрозени 6,3 милијарди долари – трагите водат кон Северна Кореја

    Најголемата берза за криптовалути во светот, „Бајнанс“ (Binance), потврди сериозен безбедносен инцидент во кој се погодени дигитални средства вредни околу 6,3 милијарди долари. Компанијата соопшти дека со помош на партнерите успеала да замрзне околу три милијарди долари и дека ќе ги покрие сите загуби. Според компанијата за блокчејн-анализа TRM Labs, зад нападот најверојатно стои севернокорејска…

  2. Пари

    НАЈГОЛЕМ ХАКЕРСКИ НАПАД ВО ИСТОРИЈАТА: Северна Кореја украде 6,36 милијарди американски долари од Binance

    Хакери поврзани со Северна Кореја стојат зад најголемата кражба на криптовалути во историјата, во која од криптоберзата Binance биле одземени дигитални средства вредни околу 6,36 милијарди долари. Според американската компанија за анализа на блокчејн-трансакции TRM Labs, најголемиот дел од средствата биле префрлени за само дваесетина минути, а нападот бил изведен на 29 октомври. На 29 ...

  3. Сител

    Хакери украле 6,3 милијарди долари од Binance – најголемиот криптограбеж во историјата

    Најголемата светска берза за криптовалути, Binance, се соочи со масовен хакерски напад во кој се погодени дигитални средства во вредност од околу 6,3 милијарди долари. Инцидентот се смета за најголемиот криптограбеж во историјата, а компанијата потврди дека досега успеала да замрзне околу три милијарди долари од погодените средства. Според првичните резултати од истрагата, напаѓачите најверојатно…

  4. Канал 77

    Кражба на векот: Хакери украле над 6,3 милијарди долари криптовалути од „Бајнанс“

    Хакери украле криптовалути во вредност од над 6,3 милијарди долари од „Бајнанс“, а според „ТРМ Лабс“ трагата води кон Северна Кореја. Платформата ги замрзна депозитите и исплатите и вети дека ќе ги покрие загубите.

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.