Новинар во Австралија скокна во поројните води и спаси возач
Преглед
Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.
Австралискиот телевизиски новинар Вил Мари, со помош на еден случаен минувач, спаси возач од автомобил што тонеше во поплавните води северно од Бризбејн. Мари известуваше за поплавите во Квинсленд за австралискиот јавен сервис ABC, кога возач на теренско возило се обиде да помине преку поплавен пат.
Клучни точки
- Австралискиот телевизиски репортер Вил Мареј и еден случаен минувач спасија маж од теренско возило коешто почнало да тоне во поплавните води во областа северно од Бризбејн, во сојузната држава Квинсленд. [Независен весник]
Споредба на известувањето
Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.
- Макфакс(Видео) Новинар во Австралија скокна во поројните води и спаси возач
- Независен весникРепортер прекина пренос за да спаси возач од поплавите во Австралија (видео)
- КурирДРАМАТИЧНО ВИДЕО: Репортер прекина пренос за да спаси возач од поплавите во АвстралијаИсто како текстот на Независен весник
- НетпресВИДЕО| Репортер прекина пренос за да спаси возач од поплавите во АвстралијаИсто како текстот на Независен весник
- А1он(ВИДЕО) Австралиски новинар го прекина преносот за да спаси возач од поплавa
- MakPressРепортер прекина пренос за да спаси возач од поплавите во АвстралијаИсто како текстот на Независен весник
Сите извештаи (8)
- Макфакспрв
(Видео) Новинар во Австралија скокна во поројните води и спаси возач
Австралискиот телевизиски новинар Вил Мари, со помош на еден случаен минувач, спаси возач од автомобил што тонеше во поплавните води северно од Бризбејн. Мари известуваше за поплавите во Квинсленд за австралискиот јавен сервис ABC, кога возач на теренско возило се обиде да помине преку поплавен пат. Возилото набрзо заглави во водата и почна да тоне; …
Истиот текст го објавија и (1): Репортер прекина пренос за да спаси возач од поплавите во Австралија (видео)
Австралискиот телевизиски репортер Вил Мареј и еден случаен минувач спасија маж од теренско возило коешто почнало да тоне во поплавните води во областа северно од Бризбејн, во сојузната држава Квинсленд. Мареј, новинар на австралискиот јавен сервис „Еј-би-си (ABC), во тој миг известувал за поплавите кога еден маж со своето возило влегол во водата. Автомобилот потоа …
(ВИДЕО) Австралиски новинар го прекина преносот за да спаси возач од поплавa
Австралискиот телевизиски репортер, Вил Мари, и еден случаен минувач спасија маж од теренско возило кое почна да тоне во поплавните води во Квинсленд, северно од Бризбејн, објави денеска Ројтерс. Мари, новинар на австралискиот јавен сервис ABC известуваше за поплавите кога еден маж со своето возило влезе во водата, автомобилот потоа...
Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.