„Фолксваген“ во сериозни проблеми, загуба од 5,8 милијарди евра, ќе се укинат 100.000 работни места

5 извори · 5 извештаи1 препишан · независноста не е проверенаПрв објави Макфакс · · последен

Во овој настан:Фолксваген

Прочитај на Макфакс (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ забележа нето загуба од 5,82 милијарди евра во третиот квартал од оваа година. Ова е значително полош резултат во споредба со истиот период минатата година, кога загубата изнесуваше 1,07 милијарди евра.

Клучни точки

  • Најголемиот европски производител на автомобили, „Фолксваген“, во четврток објави дека регистрирал загуба од 5,8 милијарди евра во третиот квартал. [Бизнис Инфо]
  • Соочена со остар пад на испораките на кинескиот пазар, американски царини и високи трошоци за трансформација кон електрични возила, компанијата планира реструктурирање со кое ќе скрати до 100.000 работни места. [ТРН]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (5)

  1. Макфакспрв

    „Фолксваген“ во сериозни проблеми, загуба од 5,8 милијарди евра, ќе се укинат 100.000 работни места

    Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ забележа нето загуба од 5,82 милијарди евра во третиот квартал од оваа година. Ова е значително полош резултат во споредба со истиот период минатата година, кога загубата изнесуваше 1,07 милијарди евра. Како што пренесува „Ројтерс“, компанијата се соочува со пад на продажбата во Кина, царини во САД и високи трошоци за ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  2. Бизнис Инфо

    Катастрофални резултати на Фолксваген, загуба во третиот квартал од 5,8 милијарди евра

    Најголемиот европски производител на автомобили, „Фолксваген“, во четврток објави дека регистрирал загуба од 5,8 милијарди евра во третиот квартал. Во истиот тримесечен период минатата година, компанијата регистрираше загуба од 1,1 милијарда евра. Вкупните приходи од продажба се намалија за 6,3 проценти, на 75,3 милијарди евра, објави групацијата. „Резултатите за првите девет месеци јасно…

  3. Локално

    Фолксваген објави катастрофални резултати: Загуба од 5,8 милијарди евра и кратење на 100.000 работни места

    Германскиот автомобилски гигант Фолксваген (Volkswagen) забележа нето-загуба од 5,82 милијарди евра во третиот квартал од оваа...

  4. ТРН

    Фолксваген забележа загуба од 5,8 милијарди евра и крати 100.000 работни места

    Германскиот индустриски гигант Фолксваген влезе во длабока криза откако во третиот квартал регистрираше нето загуба од 5,82 милијарди евра. Соочена со остар пад на испораките на кинескиот пазар, американски царини и високи трошоци за трансформација кон електрични возила, компанијата планира реструктурирање со кое ќе скрати до 100.000 работни места. Ова претставува еден од најтешките удари ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.