МЕПСО бара 98% поскап пренос – колку ќе ни скокнат сметките за струја?
Преглед
Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.
МЕПСО бара речиси двојно зголемување на цената за пренос на електрична енергија од јануари 2027 година. Ако Регулаторната комисија за енергетика го одобри барањето од 97,68 отсто, сметките на домаќинствата би можеле да пораснат за околу 4 до 5 отсто само по овој основ.
Клучни точки
- Доколку Регулаторната комисија за енергетика во целост го прифати барањето, просечните сметки на домаќинствата ќе пораснат за четири до пет проценти само по овој основ. [ТРН]
- Државниот оператор за пренос на електрична енергија МЕПСО побара зголемување на тарифата за своите услуги од сегашните 0,3018 на 0,5966 денари за киловат-час, што претставува раст од 97,68 проценти. [ЦИВИЛ Медиа]
Споредба на известувањето
Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.
Сите извештаи (3)
- Рацинпрв
МЕПСО бара 98% поскап пренос – колку ќе ни скокнат сметките за струја?
МЕПСО бара речиси двојно зголемување на цената за пренос на електрична енергија од јануари 2027 година. Ако Регулаторната комисија за енергетика го одобри барањето од 97,68 отсто, сметките на домаќинствата би можеле да пораснат за околу 4 до 5 отсто само по овој основ. За семејство со месечна потрошувачка од 400 киловат-часови, тоа би значело …
МЕПСО бара двојно поскап пренос на струја, ќе се зголемат ли сметките од јануари?
Државниот електропреносен оператор МЕПСО побара зголемување на цената за пренос на струја за речиси 98 отсто од јануари 2027 година. Доколку Регулаторната комисија за енергетика во целост го прифати барањето, просечните сметки на домаќинствата ќе пораснат за четири до пет проценти само по овој основ. За семејство со вообичаена потрошувачка, тоа претставува директен дополнителен трошок …
Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција
Државниот оператор за пренос на електрична енергија МЕПСО побара зголемување на тарифата за своите услуги од сегашните 0,3018 на 0,5966 денари за киловат-час, што претставува раст од 97,68 проценти. Барањето, поднесено до Регулаторната комисија за енергетика на 16 октомври, се однесува на тарифите што би важеле од 1 јануари 2027 година. За следната година, компанијата …
Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.