Рускиот министер за одбрана ги обвини НАТО, ЕУ и Украина за намерно зголемување на тензиите

3 извори · 3 извештаиПрв објави Макфакс · · последен
Прочитај на Макфакс (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Рускиот министер за одбрана, Андреј Белоусов, ги обвини НАТО, Европската Унија и Украина дека намерно ги заоструваат односите со Русија и Белорусија, предупредувајќи и на забрзаното вооружување на европските земји. „Воено-политичката ситуација околу нашите земји и понатаму е тешка.

Клучни точки

  • НАТО, Европската Унија и киевскиот режим свесно одат по патот на ескалацијата, а Западот ги засилува своите агресивни активности кон Русија и Белорусија - изјави денеска рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов на седницата на заедничкиот колегиум на министерствата за одбрана на двете земји. [Денешен]
  • НАТО, ЕУ и режимот во Киев намерно го следат патот на ескалација“, кажа Белоусов, а пренесува ТАСС. [МКД.мк]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (3)

  1. Макфакспрв

    Рускиот министер за одбрана ги обвини НАТО, ЕУ и Украина за намерно зголемување на тензиите

    Рускиот министер за одбрана, Андреј Белоусов, ги обвини НАТО, Европската Унија и Украина дека намерно ги заоструваат односите со Русија и Белорусија, предупредувајќи и на забрзаното вооружување на европските земји. „Воено-политичката ситуација околу нашите земји и понатаму е тешка. Гледаме нагло зголемување на тензиите и агресивното дејствување на Западот кон Русија и Белорусија. НАТО, ЕУ …

  2. Денешен

    БЕЛОУСОВ: НАТО, ЕУ и Украина свесно одат со засилени агресивни активности кон Русија и Белорусија и милитаризација на Европа

    НАТО, Европската Унија и киевскиот режим свесно одат по патот на ескалацијата, а Западот ги засилува своите агресивни активности кон Русија и Белорусија - изјави денеска рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов на седницата на заедничкиот колегиум на министерствата за одбрана на двете земји. - Воено-политичката ситуација околу нашите земји останува сложена. Забележуваме брзо зголемување на…

  3. МКД.мк

    Рускиот министер за одбрана: НАТО, ЕУ и Киев намерно го заоструваат конфликтот

    „Денес, воено-политичката ситуација околу нашите земји е сè уште тешка. Гледаме ненадејно зголемување на тензиите и агресивни дејствија на Западот кон Русија и Белорусија. НАТО, ЕУ и режимот во Киев намерно го следат патот на ескалација“, кажа Белоусов, а пренесува ТАСС. Рускиот министер го издвои зголемувањето на европското воено производство и инвестициите во инфраструктура што …

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.