Државата побара 70 милиони евра од домашна банка
Преглед
Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.
Покрај задолжувањето на меѓународниот пазар и преку домашните државни хартии од вредност, Владата донела и одлука за задолжување кај Шпаркасе банка АД Скопје, преку договор за долгорочен кредит наменет за финансирање на буџетот. Државата продолжува да обезбедува средства преку различни канали на…
Клучни точки
- Нови 70 милиони евра кредит за покривање на буџетските потреби. [Телма]
- Македонија продолжува да обезбедува пари преку задолжување на домашниот и меѓународниот финансиски пазар. [Рацин]
Споредба на известувањето
Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.
Сите извештаи (3)
- Факторпрв
Државата побара 70 милиони евра од домашна банка
Покрај задолжувањето на меѓународниот пазар и преку домашните државни хартии од вредност, Владата донела и одлука за задолжување кај Шпаркасе банка АД Скопје, преку договор за долгорочен кредит наменет за финансирање на буџетот. Државата продолжува да обезбедува средства преку различни канали на задолжување, а покрај веќе објавените задолжувања на меѓународниот и домашниот пазар, донесена е и...
Владата со ново задолжување – побара 70 милиони евра од домашна банка
Нови 70 милиони евра кредит за покривање на буџетските потреби. Владата донесе одлука за долгорочно задолжување кај Шпаркасе банка. Одлуката е објавена и на страницата на Владата и во базата на правни акти. Под кои услови ќе бидат земени парите, треба да стои во договорот меѓу државата и банката. Покрај...
Државата зема нови 70 милиони евра кредит за да го закрпи Буџетот
Македонија продолжува да обезбедува пари преку задолжување на домашниот и меѓународниот финансиски пазар. По 150 милиони евра од меѓународни обврзници и 115 милиони евра преку домашни државни хартии од вредност, Владата донела одлука и за долгорочен кредит од 70 милиони евра кај Шпаркасе банка. Само во октомври, трите финансиски инструменти достигнуваат вкупно 335 милиони евра. ...
Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.