На протестите во Франција над 146.000 луѓе

Фото: Проверено
Известуваат 6 медиумиПрв објави ТРН · · последен

Во овој настан:Протести

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Вкупно 146.000 луѓе протестираа денес во Франција, вклучувајќи 46.000 во Париз како дел од мобилизацијата „за младите луѓе и против високите трошоци за живот“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од друга страна, меѓусиндикалната младинска коалиција објави дека имало 250.000 демонстранти низ целата земја, од кои 75.000 биле во главниот град.

Клучни точки

  • Повеќе десетици илјади лица излегоа денеска на улиците ширум Франција во знак на поддршка за барањата на младите и против високите трошоци за живот. [Проверено]
  • Илјадници граѓани излегоа на протести во повеќе градови низ Франција, изразувајќи го незадоволството од растот на трошоците за живот и владините политики. [Лидер]
  • Најмалку 146.000 луѓе денеска протестираа низ Франција поради зголемените трошоци за живот и сѐ потешката положба на младите, но бројот на учесници беше значително помал отколку на претходните големи демонстрации. [Денешен]
Прочитај на ТРН

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (6)

  1. ТРНпрв

    На протестите во Франција над 146.000 луѓе

    Вкупно 146.000 луѓе протестираа денес во Франција, вклучувајќи 46.000 во Париз како дел од мобилизацијата „за младите луѓе и против високите трошоци за живот“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од друга страна, меѓусиндикалната младинска коалиција објави дека имало 250.000 демонстранти низ целата земја, од кои 75.000 биле во главниот град. Тоа ниво на мобилизација претставува ...

  2. Проверено

    Протести во помал обем во Франција, одново немири во Париз

    Повеќе десетици илјади лица излегоа денеска на улиците ширум Франција во знак на поддршка за барањата на младите и против високите трошоци за живот. Според француското Министерството за внатрешни работи, на денешните протести учествувале околу 146.000 луѓе, од кои 46.000 во Париз. Според организаторите на протестите, на улиците излегле околу 250.000 демонстранти, од кои 75.000 ...

  3. Лидер

    (ВИДЕО) СОЛЗАВЕЦ И СУДИРИ ВО ФРАНЦИЈА: Илјадници демонстранти на улиците против поскапувањата

    Илјадници граѓани излегоа на протести во повеќе градови низ Франција, изразувајќи го незадоволството од растот на трошоците за живот и владините политики. Француското Министерство за внатрешни работи процени дека на собирите учествувале околу 146.000 луѓе, додека младинските синдикални организации соопштија бројка од 250.000 демонстранти. На протестниот марш во Париз учествувале околу 46.000 лица…

  4. Денешен

    Протести против скапотијата и тешката положба на младите во Франција

    Најмалку 146.000 луѓе денеска протестираа низ Франција поради зголемените трошоци за живот и сѐ потешката положба на младите, но бројот на учесници беше значително помал отколку на претходните големи демонстрации. Според податоците на француското министерство за внатрешни работи, на улиците низ земјата се собрале вкупно 146.000 луѓе, од кои 46.000 во Париз. Истовремено, организаторите од…

    Истиот текст го објавија и (2):

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.