Скопјанец изградил викендичка на туѓо во Гари — отвора на Нетпрес
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднела кривична пријава против И.С.(62) од Скопје, товарејќи го за „бесправно градење”. Тој, на катастарска парцела во државна сопственост во атарот на дебарското село Гари, неовластено, без соодветно одобрение и друга потребна документација издадена од надлежен државен орган, изградил објект за домување.