Видеото се пушта од YouTube (со зголемена приватност) дури откако ќе притиснеш ▶.

Кинески институт „Конфуциј“: За САД, закана по националната безбедност - како е кај нас

360 степени · вчера 09:35 · 9:10 · Гледај на YouTube

 Македонија Сторија Дебата Саботажа Свет Кратки видеа За нас Пријави Случај Македонија Сторија (ВИДЕО) Кинески институт „Конфуциј“: За САД, закана по националната безбедност – како е кај нас Славица Филиповска | 22 ноември, 2026 09:38 Агенцијата за национална безбедност смета дека присуството на кинески компании, инвестиции и научно-образовни и културолошки институции, само по себе не претставува ризик по националната безбедност, сè додека ваквите активности не го надминат легалниот и добронамерен начин на функционирање и не задираат во аспекти што претставуваат сфера од безбедносен интерес за АНБ. Во Македонија фунцкионира само еден институт „Конфуциј“ во склоп на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје. Дијапазонот на слушатели на „Конфуциј“ во последните години варира од 500 до 1 500. Дел од учесниците имаат можност и за посета на Кина. Еден од директорите на Инситутот, Влатко Сотилков, вели дека „Конфуциј“ во земјава не е закана за националната безбедност, туку мост за соработка на сите нивоа. Ваквиот тип  соработка од тинк-тенк организацијата „Естима“ го дефинираат како алатка на „мека моќ“ и апелираат на претпазливост.

Уште од 360 степени

Сите видеа