Пронајдени 16 уметнички слики кај крадци од Берово

Фото: Фактор
Известуваат 5 медиумиПрв објави Фактор · · последен

Преглед

Полицијата во Берово поднесе кривични пријави против две лица од градот, откако при претреси во нивните домови биле пронајдени 16 уметнички слики, златен и сребрен накит, часовници, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од повеќе кражби извршени на подрачјето. Станува збор за Ј.М.

Прочитај на Фактор

Клучни точки

  • ОВР Берово поднело кривични пријави против Ј.М.(50) и Б.М.(45), двајцата од Берово, поради постоење основи на сомнение за извршени повеќе кривични дела. [Скопје Инфо]
  • Двајца жители на Берово се осомничени за повеќе кривични дела, откако при полициски претреси на три локации биле пронајдени и одземени 16 уметнички слики, златен и сребрен накит, часовници, бижутерија, платежни картички, мобилни телефони и околу 8.000 евра во готовина. [Нова Македонија]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (5)

  1. Факторпрв

    Пронајдени 16 уметнички слики кај крадци од Берово

    Полицијата во Берово поднесе кривични пријави против две лица од градот, откако при претреси во нивните домови биле пронајдени 16 уметнички слики, златен и сребрен накит, часовници, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од повеќе кражби извршени на подрачјето. Станува збор за Ј.М. (50) и Б.М. (45), двајцата од Берово, против кои се поднесени кривични пријави поради…

  2. Фокус

    Уапсени двајца беровци – краделе уметнички слики, златен накит, пари и часовници

    Двајца беровци се соочуваат со кривични пријави откако полицијата при претреси во нивните домови и други простории...

  3. Плусинфо

    КРАДЕЛЕ УМЕТНИЧКИ СЛИКИ, НАКИТ, ЧАСОВНИЦИ, КАРТИЧКИ, ФАЛСИФИКУВАЛЕ ПАРИ... Во Берово уапсени двајца неуморни криминалци

    Изменето од издавачот (2 верзии)
  4. Скопје Инфо

    Уметнички слики, накит, часовници, картички, фалц пари... - уапсени двајца крадци од Берово и расветлени повеќе дела

    ОВР Берово поднело кривични пријави против Ј.М.(50) и Б.М.(45), двајцата од Берово, поради постоење основи на сомнение за извршени повеќе кривични дела. Од МВР информираат дека врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од ОВР Берово вчера со судска наредба, извршиле претреси на три локации во домовите и други простории кај пријавените.

  5. Нова Македонија

    Двајца беровчани осомничени за кражби и фалсификување пари, запленети 16 уметнички слики, златен накит и 8.000 евра

    Двајца жители на Берово се осомничени за повеќе кривични дела, откако при полициски претреси на три локации биле пронајдени и одземени 16 уметнички слики, златен и сребрен накит, часовници, бижутерија, платежни картички, мобилни телефони и околу 8.000 евра во готовина. Од СВР Штип информираат дека Одделението за внатрешни работи – Берово поднело кривични пријави против ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.