Извори

Плусинфо

plusinfo.mk (се отвора нов таб)порталмакедонскијавен RSS канал45 извештаи / 7 дена

Посети го сајтот

Настани со извештаи од Плусинфо

Од март директна линија Дубаи–Скопје три пати неделно, најави Муцунски — отвора на Макфакс

Во рамките на работната посета на Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со главниот комерцијален директор на Флајдубаи, Хамад Обаидала. На средбата беше официјално потврдено дека од март Флајдубаи ќе воспостави директна авионска линија Дубаи–Скопје, со три лета неделно. Во фокусот на разговорите беа можностите што…

Известуваат и: КурирPress24Нова Македонија+2

Гори руска рафинерија во областа рјазањ. Обновени украинските напади врз енергетската инфраструктура — отвора на Плусинфо

Украинскиот претседател Зеленски претходно изјави дека Русија не го почитува енергетското примирје и не ги почитува изјавите на американскиот претседател.

Почна судењето на познатиот актер поради силување и сексуални напади: Шест жени изнесоа морничави детали — отвора на Локално

Британскиот актер и комичар Расел Бренд (51) се соочува со сериозни обвиненија за сексуални престапи, откако…

Бугарски радикали со жесток говор на омраза кон Македонија ја бранат бегалката Михаилова. Потерницата по Ива го разбуди националистичкото лудило во Софија — отвора на Плусинфо

Случајот со обвинетата која замина во Бугарија предизвика нов бран навредлива и националистичка реторика од Софија. Слави Трифонов го негира македонскиот идентитет, Красимир Каракачанов ги нарекува македонските власти измамници, додека бугарското ВМРО бара блокирање на евроинтеграцијата.

Известуваат и: Инфомакс

📽️ „Славниот дрифтач“ од Штип падна во рацете на полицијата. Без таблички и без дозвола правел опасни маневри — отвора на Плусинфо

Дваесет и двегодишниот штипјанец намерно го пролизгувал автомобилот, а снимката од опасното возење завршила на социјалните мрежи. Полицијата го пронашла два дена по објавувањето на видеото.

Официјално признаен дијабетес тип 5. Се проценува дека би можеле да бидат погодени од 20 до 25 милиони луѓе — отвора на Плусинфо

Дијабетесот тип 5 е поврзан со долготрајна неухранетост и може да погодува до 25 милиони луѓе. Меѓународната федерација за дијабетес ја прифати новата класификација во 2025 година.

Калифорнија воведува данок за милијардерите? — отвора на Независен весник

Американската држава Калифорнија одржува среднорочни избори, а гласачите ќе одлучат за три недели на референдум што би можел да влијае на остатокот од САД: дали милијардерите треба да плаќаат данок на своето богатство? Според АФП, предлогот предвидува оданочување на приближно 200 милијардери во државата по стапка од пет проценти од нивната нето вредност, а собраните …

Пожар изби на товарен брод во водите на Романија. Осум морнари се водат за исчезнати — отвора на Плусинфо

Некои од романските медиуми објавија дека бродот бил погоден од два дрона, но засега нема официјална потврда за тоа од романските власти.

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ — отвора на Република

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција на компанијата „Кромберг и Шуберт“. Договорот ќе биде пиотпишан во Свечената сала на Владата. По потпишувањето предвидено е Мицкоски и претставници на „Кромберг и Шуберт“ да одржат заедничка прес-конференција.

Известуваат и: КурирPress24Сител+6

Анализа • Бугарија може да одбие екстрадиција, но Македонија може да ѝ суди во отсуство. Што може да се случува понатаму во случајот со Ива Михаилова? — отвора на Плусинфо

Утврдувањето каде, кога, со кого и на кој начин Михаилова ја преминала границата е посебно важно прашање за истрагата, независно од постапката што веќе се води против неа за сообраќајната несреќа. Тука постои сериозно сомневање дека се сторени кривични дела, за кои некој треба да одговара.

Кривична пријава против полицаец за фалсификување потврда за дарување крв — отвора на МКД.мк

Пријавениот, и покрај тоа што на 3 март и 9 јули не дарувал крв во ЈЗУ Институтот за трансфузиона медицина при комплекс клиники „Мајка Тереза“, изготвил и употребил две лажни потврди за дарување на крв за што изготвил две барања за користење платено отсуство од три работни денови за 3, 4 и 5 март и …

„Процентуалниот раст на нето-платата во првите две години на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок отколку во времето на СДС и ДУИ“, вели Стојаноски — отвора на Скопје1

Растот на просечната нето-плата во првите две години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е за околу 75 проценти повисок од растот во истиот период за време на владите на СДСМ и ДУИ, покажуваат податоците што ги презентира пратеникот Бојан Стојаноски, повикувајќи се на бројките на Државниот завод за статистика.Според неговата споредба, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2017…

Известуваат и: Pressing TVКурирФокус+3

📽️ „Добро сум“ не значи секогаш дека сè е во ред. По самоубиството на Ар Џеј Мити, Арон Пол објави видео во кое покојниот актер зборува за менталното здравје — отвора на Плусинфо

Арон Пол објави видео од својот колега и пријател Ар Џеј Мити, во кое актерот зборува за важноста на менталното здравје и за потребата луѓето да не ги потиснуваат сопствените чувства. Снимката доби особено емотивно значење по самоубиството на актерот познат по улогата на Волтер Вајт Јуниор во серијата „Breaking Bad“.

Трамп: Луѓето што откриваат доверливи информации за воени операции треба да бидат стрелани — отвора на Скопје1

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра порака до лицата што на медиумите им откриваат доверливи информации за американските воени операции, изјавувајќи дека тие треба да бидат стрелани. За време на предизборен митинг во Аризона, тој особено го критикуваше непознатото лице за кое тврди дека им го открило на новинарите времето на американските напади врз нуклеарните објекти на Иран во…

Известуваат и: КурирФакторСител

Николоски: Инвестираме 114 милиони денари во Брвеница, победа во прв круг на Стојанчо Радичевски за уште повеќе проекти — отвора на Курир

Брвеница беше еден од дијамантите на изборите во 2025 година, во недела очекувам масовна победа на изборите. Затоа граѓаните да дадат масовна поддршка за бројот 1 и да продолжиме заеднички да ја развуваме Брвеница. Како што ветивме, тука ќе изградиме клучка и Брвеница ќе ја поврземе на автопатот на Коридор 8, порача заменик претседателот на владата, Александар Николоски по средбите со граѓани во…

Известуваат и: НетпресМКДенесДенешен+4

Црногорец летал кон Табановце со 185 км/ч. Камерите го евидентирале, а полицијата го приведен на граница — отвора на Плусинфо

Системот „Безбеден град“ го евидентирал 34-годишниот црногорски државјанин кај клучката Дељадровци. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

📽️ Трагедија во Истанбул по обилните дождови. Дете загина од струен удар, уште едно лице го загуби животот во поплавите — отвора на Плусинфо

Најмалку две лица, меѓу кои и 14-годишно дете, загинаа во поплавите во Истанбул. Во некои делови од градот наврнале 242 литри дожд на квадратен метар, а надлежните најавуваат продолжување на обилните врнежи.

Го прашале Трамп зошто не го нарекува Путин диктатор. Таквата „воздржаност“ не важи за Зеленски — отвора на Плусинфо

Шефот на САД објасни дека избегнува навреди кон светските лидери бидејќи мора да преговара со нив. Но, во февруари минатата година самиот го нарече украинскиот претседател „диктатор без избори“.

Загрижувачки наоди во производи за бебиња. Во пелената на вашето бебе може да има токсични материи — отвора на Плусинфо

Бебињата носат пелени секојдневно во првите години од животот, а научни истражувања откриваат траги од хемиски соединенија во овие производи. Калифорнија веќе донесе закон со кој производителите ќе мора да ги објавуваат додадените состојки, а построги правила воведуваат и други американски сојузни држави.

Се отвораат првите делници од новата обиколница кај Солун. Познато е и кога ќе заврши проектот — отвора на Плусинфо

Првата делница што ќе биде пуштена во сообраќај се протега од болницата „Папагеоргиу“ до угорницата кон Неаполис. Изградбата на големиот проект „Флајовер“ е завршена над 60 проценти.