Србија повторно ќе гласа, претседателски избори најдоцна до 27 декември

4 извори · 4 извештаиПрв објави Рацин · · последен
Прочитај на Рацин (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

По парламентарните избори на кои победи Студентската листа, Србија се подготвува за уште едно гласање. Претседателските избори треба да се одржат најдоцна до 27 декември, по оставката што Александар Вучиќ ја поднесе на 27 септември.

Клучни точки

  • Претседателските избори во Србија, според уставниот рок, ќе бидат распишани најдоцна до 27 ноември, изјави в.д. [Телма]
  • Србија најдоцна до 27 декември треба да ги распише претседателските избори, соопшти вршителката на должноста претседателка на државата, Ана Брнабиќ, повикувајќи се на уставните рокови. [Скопје1]
  • До изборот на нов шеф на државата, функцијата ја извршува претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ. [ТРН]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • БрнабиќПретседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември[Телма]

Сите извештаи (4)

  1. Рацинпрв

    Србија повторно ќе гласа, претседателски избори најдоцна до 27 декември

    По парламентарните избори на кои победи Студентската листа, Србија се подготвува за уште едно гласање. Претседателските избори треба да се одржат најдоцна до 27 декември, по оставката што Александар Вучиќ ја поднесе на 27 септември. Ана Брнабиќ, која привремено ја извршува претседателската функција, денеска во Белград повика новото парламентарно мнозинство што побрзо да ги формира ...

  2. Телма

    Брнабиќ: Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември

    Претседателските избори во Србија, според уставниот рок, ќе бидат распишани најдоцна до 27 ноември, изјави в.д. претседателката Ана Брнабиќ. На прес-конференција во Белград, таа го повика ново парламентарно мнозинство што поскоро да почне со формирање на органите на власта. „Брзо формирање на институциите во овој момент е најважно“, рече Брнабиќ.

  3. Скопје1

    Претседателските избори во Србија мора да бидат распишани до 27 декември

    Србија најдоцна до 27 декември треба да ги распише претседателските избори, соопшти вршителката на должноста претседателка на државата, Ана Брнабиќ, повикувајќи се на уставните рокови. Таа најави дека функцијата вршител на должноста претседател може да му биде доверена на друго лице доколку институциите бидат формирани пред истекот на рокот.На прес-конференција во Белград, Брнабиќ порача дека…

  4. ТРН

    Србија повторно пред гласање: нов претседател најдоцна до 27 декември

    Претседателски избори во Србија треба да се одржат најдоцна до 27 декември, по предвременото завршување на мандатот на Александар Вучиќ, кој поднесе оставка на 27 септември. До изборот на нов шеф на државата, функцијата ја извршува претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ. Новото гласање следува по парламентарните избори на кои победи Студентската листа. Паралелно со подготовките ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.