Извори

Скопје1

skopje1.mk (се отвора нов таб)локален медиуммакедонскијавен RSS канал91 извештаи / 7 дена

Посети го сајтот

Настани со извештаи од Скопје1

Од март директна линија Дубаи–Скопје три пати неделно, најави Муцунски — отвора на Макфакс

Во рамките на работната посета на Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со главниот комерцијален директор на Флајдубаи, Хамад Обаидала. На средбата беше официјално потврдено дека од март Флајдубаи ќе воспостави директна авионска линија Дубаи–Скопје, со три лета неделно. Во фокусот на разговорите беа можностите што…

Известуваат и: КурирPress24Нова Македонија+4

МВР го фати возачот кој „дрифташе” – Немал ниту таблици ниту возачка — отвора на Press24

22-годишен штипјанец ќе се соочи со пријава откако на социјалните мрежи било објавено видео на кое се гледа како дрифтува со автомобил без регистарски таблички, иако немал стекнато право да управува со возило. Од СВР Штип информираат дека по преземените мерки, на 14 октомври полициските службеници го пронашле С.К. и извршиле службен разговор со него. …

Известуваат и: МакфаксФакторКурир+3

Започна 19. ултрамаратонот од Нова Градишка во Хрватска до Крушево во чест на Тоше Проески — отвора на Скопје1

Споменот за Тоше Проески повторно ги обединува луѓето на патот од Хрватска до Македонија. Денес во Нова Градишка, Република Хрватска, започна 19. ултрамаратон посветен на македонската музичка легенда, чија крајна цел е неговото вечно почивалиште во Крушево.За почетокот на ултрамаратонот информираше амбасадорот на Македонија во Хрватска, Драган Дачо Ѓурчевски, истакнувајќи дека учесниците…

Зеленски: Украина ќе ги обнови нападите врз руските рафинерии — отвора на Курир

Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“. -Забраната за напади врз рафинериите е укината. Завршивме со тоа, истакна Зеленски. Претседателот на САД, Доналд Трамп на 11 октомври изјави дека е постигнато енергетско примирје меѓу Русија и Украина, кое ќе стапи во сила веднаш. Подоцна, Зеленски…

Известуваат и: Независен весникФокусВечер+6

Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди Нов Зеланд — отвора на Скопје1

Земјотрес со магнитуда од 5,1 степен според Рихтеровата скала бил регистриран денеска во Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот се наоѓал на Северниот Остров, на длабочина од 280 километри под површината на Земјата. Потресот бил регистриран на околу 95 километри од градот Хамилтон.Засега нема извештаи за повредени лица или предизвикана материјална штета.

Известуваат и: ФокусPress24

Се урна покрив на училиште во Пакистан, загинаа 27 деца и една наставничка — отвора на Скопје1

Најмалку 28 лица, меѓу кои 27 деца и една наставничка, загинаа при уривање на покривот на училиште во пакистанскиот град Пешавар, објави Би-би-си. Повеќе од 30 лица се повредени, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по оние што останале заробени под урнатините.Несреќата се случила во Пешавар, главниот град на покраината Хајбер Пахтунхва, во северозападниот дел на Пакистан. Портпаролот…

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ — отвора на Република

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција на компанијата „Кромберг и Шуберт“. Договорот ќе биде пиотпишан во Свечената сала на Владата. По потпишувањето предвидено е Мицкоски и претставници на „Кромберг и Шуберт“ да одржат заедничка прес-конференција.

Известуваат и: КурирPress24Сител+6

РСЕ: Хрватска и постави осум услови на Црна Гора пред членството во ЕУ — отвора на МИА

Ѓоковиќ сепак нема да патува во Саудиска Арабија, турнирот е одложен поради безбедносната состојба — отвора на Скопје1

Тенискиот турнир „Шест кралеви“, на кој требаше да настапат некои од најголемите имиња во светскиот тенис, нема да се одржи во првично планираниот октомвриски термин. Поради влошената безбедносна состојба во Саудиска Арабија, организаторите го одложија натпреварувањето, па Новак Ѓоковиќ нема да патува во Ријад овој месец.Турнирот требаше да се одржи од 21 до 24 октомври, но плановите се сменети…

Си-ен-ен: Ако продолжи конфликтот со Иран, американската армија може да употреби „Мајка на сите бомби“ — отвора на Бриф

Американската војска, доколку претседателот Доналд Трамп нареди продолжување на конфликтот, има изготвено планови за напади врз иранската енергетска инфраструктура и нуклеарните постројки, планови што би можеле да вклучуваат употреба на бомбата ГБУ-43/Б, позната како „Мајката на сите бомби“, јави Си-ен-ен. Евентуалната употреба на најголемата ненуклеарна бомба во американскиот арсенал би…

Известуваат и: Курир360 степениНова Македонија+2

Хрватски министер до Вучиќ: Оди лечи се! — отвора на Макфакс

Министерот за море, транспорт и инфраструктура на Хрватска, Олег Бутковиќ, одговори на обвинувањата на поранешниот српски претседател Александар Вучиќ дека Хрватска брутално се меша во парламентарните избори во Србија. Бутковиќ на „Фејсбук“ сподели напис од медиум во врска со српската протестна нота испратена до Хрватска и додаде кратка порака за Вучиќ. „Оди лечи се!“ – …

Известуваат и: Фокус

Мешани трендови на европските берзи: Нафтата падна на 104 долари, златото руши нови рекорди — отвора на Бизнис Инфо

Европските берзански индекси денес беа мешани, технолошките акции беа под притисок, а нафтата од типот Брент падна на околу 104 долари за барел, бидејќи испораките на саудиска нафта по алтернативни рути и ослободувањето на енергетските резерви ги ублажија загриженостите околу конфликтот на Блискиот Исток. Фјучерсите за нафта од типот Брент од Северното Море за испорака …

Танкер со нафта и хемикалии се запали кај Романија, властите истражуваат дали бил нападнат — отвора на Скопје1

Нов инцидент во Црното Море ја зголеми загриженоста за безбедноста на поморскиот сообраќај, откако танкер што превезувал нафта и хемикалии се запалил во романските територијални води. Целиот екипаж бил евакуиран, а властите започнале истрага за причините за пожарот.Романскиот министер за одбрана, Раду Мируца, изјави дека засега нема потврда дали пожарот на танкерот „Јапа Ј“, кој плови под знамето…

Зошто и натаму вредноста на еврото паѓа во однос на доларот? — отвора на Фактор

Еврото е на најниско ниво во однос на доларот во последните 16 месеци. Вредноста на еврото во однос на доларот денес падна на најниско ниво во последните 16 месеци, бидејќи инвеститорите ги зголемија своите инвестиции во американската валута по податоците за значително зголемување на инфлацијата во Соединетите Американски Држави(САД). Според податоците од берзата Форекс, еврото се продаваше за…

„Процентуалниот раст на нето-платата во првите две години на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок отколку во времето на СДС и ДУИ“, вели Стојаноски — отвора на Скопје1

Растот на просечната нето-плата во првите две години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е за околу 75 проценти повисок од растот во истиот период за време на владите на СДСМ и ДУИ, покажуваат податоците што ги презентира пратеникот Бојан Стојаноски, повикувајќи се на бројките на Државниот завод за статистика.Според неговата споредба, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2017…

Известуваат и: Pressing TVКурирФокус+3

Полицаец направил фалц документи дека дарувал крв за да земе слободни денови — отвора на А1он

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по...

Известуваат и: КурирСкопје1Скопје Инфо+6

Трамп: Луѓето што откриваат доверливи информации за воени операции треба да бидат стрелани — отвора на Скопје1

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра порака до лицата што на медиумите им откриваат доверливи информации за американските воени операции, изјавувајќи дека тие треба да бидат стрелани. За време на предизборен митинг во Аризона, тој особено го критикуваше непознатото лице за кое тврди дека им го открило на новинарите времето на американските напади врз нуклеарните објекти на Иран во…

Известуваат и: КурирФакторСител

Манасиевски: Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија? — отвора на MakPress

СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. Имено, докторот кој ја констатира дијагнозата на Ива Михаилова е доктор Иван Барбов, кој беше поставен за … The post Манасиевски: Дали зад Ива Михаилова директно…

Известуваат и: КурирИнфомаксМакфакс+1

Актерката Демет Оздемир, позната во Македонија по серијата „Романтичарот“, заробена во поплавено студио во Истанбул, спасувачите ја извлекле со чамец — отвора на Скопје1

Повеќе спасувачки екипи учествувале во акцијата за извлекување на турската актерка Демет Оздемир, која останала заробена во студио во истанбулската населба Ајазага по обилните дождови што го зафатиле градот.Поплавата го отежнала пристапот до објектот во населбата Саријер, бидејќи нивото на водата се зголемувало. По повикот за помош од актерката, на терен биле испратени екипи од повеќе служби, кои…

ФБИ ѝ честиташе на македонската полиција за апсењето на администраторот на криминалниот пазар OLVX — отвора на Скопје1

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) ѝ честиташе на Единицата за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи за успешното апсење на администраторот на криминалниот онлајн-пазар OLVX.Во објава на социјалните мрежи, ФБИ соопшти дека OLVX бил активен во периодот од 2023 до 2025 година и дека, според наводите на истрагата, преку оваа платформа…