Трамп најави нов притисок врз Куба по завршувањето на војната со Иран

5 извори · 5 извештаи1 препишан · независноста не е проверенаПрв објави Макфакс · · последен
Прочитај на Макфакс (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Американскиот претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Форт Мајерс, Флорида, најави дека САД ќе се посветат на Куба откако ќе се реши ситуацијата со Иран. Тој порача дека американските поморски сили, кои моментално се ангажирани во однос на Иран, би можеле да застанат покрај Куба на враќањето дома.

Клучни точки

  • Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја спомена Куба како можна следна цел на американски притисок, опишувајќи сценарио со воени бродови близу нејзиниот брег. [Рацин]
  • Американскиот претседател Доналд Трамп го искористи предизборниот митинг во Флорида во петокот, каде што кубанските Американци сочинуваат моќен блок гласачи, за да вети дека ќе се зафати со решавањето на прашањата на Куба штом ќе се реши конфликтот со Иран. [Нетпрес]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (5)

  1. Макфакспрв

    Трамп најави нов притисок врз Куба по завршувањето на војната со Иран

    Американскиот претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Форт Мајерс, Флорида, најави дека САД ќе се посветат на Куба откако ќе се реши ситуацијата со Иран. Тој порача дека американските поморски сили, кои моментално се ангажирани во однос на Иран, би можеле да застанат покрај Куба на враќањето дома. Во 90-минутниот говор, Трамп повторно не …

    Истиот текст го објавија и (1):
  2. Рацин

    Трамп повторно зборува за Куба и се заканува со воени бродови

    Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја спомена Куба како можна следна цел на американски притисок, опишувајќи сценарио со воени бродови близу нејзиниот брег. На предизборен митинг во Форт Мајерс, Флорида, на 23 октомври, тој изјави дека Вашингтон ќе се позанимава со островот откако ќе заврши со Иран. „Ќе се позанимаваме со Куба на враќање од …

  3. Нетпрес

    Трамп вети дека САД ќе се „зафатат“ со Куба откако ќе завршат со Иран

    Американскиот претседател Доналд Трамп го искористи предизборниот митинг во Флорида во петокот, каде што кубанските Американци сочинуваат моќен блок гласачи, за да вети дека ќе се зафати со решавањето на прашањата на Куба штом ќе се реши конфликтот со Иран. Во 90-минутниот говор во Форт Мајерс, на Флорида, Трамп нагласи дека веројатно ќе следат повеќе …

  4. Скопје1

    „Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

    Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД би можеле да го засилат притисокот врз Куба по завршувањето на конфликтот со Иран, споменувајќи и можност американски воени бродови да се приближат до кубанскиот брег.На предизборен собир во Форт Мајерс, во сојузната држава Флорида, Трамп изјави дека американските поморски сили, кои моментално се ангажирани во операциите поврзани со Иран, на…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.