„Билјана имаше само 17 години“: Богданци запали свеќи и побара одговорност за нејзината смрт“

Фото: Рацин
Известуваат 9 медиумиПрв објави ТРН · · последен

Во овој настан:Билјана

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Со палење свеќи и пораки „Стоп за фемицидот“, „Гласни против насилството“ и „Ниту една повеќе“, вечерва во Градскиот парк во Богданци започна мирниот протест во чест на 17-годишната Билјана Кириќ, која беше убиена пред неколку дена.

Клучни точки

  • „Стоп за фемицидот“, „Гласни против насилството“ и „Молкот е соучесништво, одбивам да молчам!!!“ – ова се пораките испишани на транспарентите на вечерашниот мирен протест во Богданци, каде што граѓаните се собраа во спомен на 17-годишната Билјана Кириќ, убиена пред три дена. [Рацин]
  • Паркот е преполн, а жителите велат дека се затекнати од незапмтеното злосторство во ова мало место. [Телма]
  • Вечерва во паркот во Богданци се одржува мирен протест, известува ТВ Телма. [Локално]
  • Со запалени свеќи и транспаренти, присутните ѝ оддадоа почит и побараа навремена реакција за спречување на насилството врз жените и девојчињата. [24 Инфо]
Прочитај на ТРН

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (9)

  1. ТРНпрв

    „Билјана имаше само 17 години“: Богданци запали свеќи и побара одговорност за нејзината смрт“

    Со палење свеќи и пораки „Стоп за фемицидот“, „Гласни против насилството“ и „Ниту една повеќе“, вечерва во Градскиот парк во Богданци започна мирниот протест во чест на 17-годишната Билјана Кириќ, која беше убиена пред неколку дена. Во паркот се собраа жители на Богданци, Гевгелија и околните населени места, меѓу кои соученици, пријатели и сограѓани на ...

  2. Рацин

    „Молкот е соучесништво, одбивам да молчам!“ – Богданци со свеќи и пораки против фемицидот се прости од Билјана

    „Стоп за фемицидот“, „Гласни против насилството“ и „Молкот е соучесништво, одбивам да молчам!!!“ – ова се пораките испишани на транспарентите на вечерашниот мирен протест во Богданци, каде што граѓаните се собраа во спомен на 17-годишната Билјана Кириќ, убиена пред три дена. Во Градскиот парк, покрај запалените свеќи и положеното цвеќе, стоеја транспаренти што повикуваат на ...

  3. Телма

    Видео | Мирен протест против насилството по убиството на 17 годишната Билјана

    Мирен протест се одржува вечерва во паркот во Богданци. Се палат свеќи и се истакнуваат транспаренти со порака дека нема да се молчи за фемицидот и се бара одговорност за смртта на 17-годишната Билјана Кириќ. Паркот е преполн, а жителите велат дека се затекнати од незапмтеното злосторство во ова мало место. Претходно, направена е вонредна ...

    Истиот текст го објавија и (2):
  4. Скопје1

    (Видео) „Стоп за фемицидот“ – мирен протест во Богданци по трагичната смрт на Билјана

    Жители на Богданци, Гевгелија и околните населени места вечерва се собраа во Градскиот парк во Богданци на мирен протест во спомен на 17-годишната Билјана Кириќ, која беше убиена пред три дена.Со запалени свеќи, положено цвеќе и транспаренти со пораките „Стоп за фемицидот“, „Гласни против насилството“ и „Молкот е соучесништво, одбивам да молчам!!!“, присутните повикаа на прекинување на…

    Истиот текст го објавија и (1):
  5. Локално

    Во Богданци мирен протест по убиството на 17 годишната Билјана

    Вечерва во паркот во Богданци се одржува мирен протест, известува ТВ Телма. Жителите на ова мало...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.