Скопје: Татко и син брутално нападнале лекар и медицинска сестра од Итната медицинска помош во близина на Поликлиниката „Јане Сандански“

Фото: Журнал
Известуваат 10 медиумиПрв објави Журнал · · последен

Преглед

Скопје, 21 ноември, Журнал.мк – Тежок инцидент се случил денеска, околу 17:00 часот, во близина на Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, каде што лекар и медицинска сестра од екипа на Итната медицинска помош, наводно, биле физички нападнати од две лица, татко и син.

Прочитај на Журнал

Клучни точки

  • Инцидентот се случил на 21 ноември околу 17 часот, а двајцата здравствени работници завршиле во болница со телесни повреди. [Скопје Инфо]
  • На инцидентот му претходела расправија околу транспорт на повозрасен пациент, кој боледувал од онколошка болест и наводно испил антифриз неколку часа претходно, со намера да си го одземе животот. [Фактор]
  • По инцидентот реагираше Лекарската комора, која остро го осуди насилството врз здравствените работници и побара итна реакција од надлежните институции. [24 Инфо]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:СанданскиДоктор

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (11)

  1. Журналпрв

    Скопје: Татко и син брутално нападнале лекар и медицинска сестра од Итната медицинска помош во близина на Поликлиниката „Јане Сандански“

    Скопје, 21 ноември, Журнал.мк – Тежок инцидент се случил денеска, околу 17:00 часот, во близина на Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, каде што лекар и медицинска сестра од екипа на Итната медицинска помош, наводно, биле физички нападнати од две лица, татко и син. Како последица на нападот, двајцата здравствени работници се здобиле со телесни повреди и ...

  2. Скопје Инфо

    Брутален напад врз екипа на Итната помош, татко и син претепале лекар и сестра

    Лекар и медицинска сестра од Итната медицинска помош биле физички нападнати од татко и син во близина на Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. Инцидентот се случил на 21 ноември околу 17 часот, а двајцата здравствени работници завршиле во болница со телесни повреди.

  3. Фактор

    Татко и син нападнале екипа на Итната помош во Скопје, расправијата започнала поради транспорт на пациент

    Лекар и медицинска сестра од Итната медицинска помош биле физички нападнати од татко и син во близина на поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. На инцидентот му претходела расправија околу транспорт на повозрасен пациент, кој боледувал од онколошка болест и наводно испил антифриз неколку часа претходно, со намера да си го одземе животот. Инцидентот се случил во саботата, 21 ноември, околу 17…

  4. Скопје1

    Доктор и медицинска сестра претепани од татко и син пред поликлиниката „Јане Сандански“, Лекарската комора бара затворски казни

    Доктор и медицинска сестра од Итната медицинска помош биле физички нападнати пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, а според пријавата, напаѓачи биле татко и син.Случајот предизвика реакција од Лекарската комора, која најостро го осуди насилството врз здравствените работници додека ги извршуваат своите професионални задачи.Од Комората бараат Министерството за внатрешни работи и надлежните…

    Истиот текст го објавија и (3):
  5. Фокус

    Татко и син нападнале доктор и медицинска сестра пред поликлиниката „Јане Сандански“

    Доктор и медицинска сестра од Итната медицинска помош биле физички нападнати пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје....

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.