Радичевски води во Брвеница според првичните резултати од ДИК
Преглед
Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.
Државната изборна комисија (ДИК) ја активираше интернет-страницата за следење на резултатите од денешните предвремени избори за градоначалник…
Клучни точки
- Неизвесна изборна трка за градоначалник на Општина Брвеница. [4NEWS]
- Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Стојанчо Радичевски, освои најмногу гласови на предвремените локални избори за градоначалник на Општина Брвеница, одржани денеска, 18 октомври 2026 година. [24 Инфо]
- Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ освои 38,90 отсто од гласовите, додека кандидатот на НАИ доби поддршка од 28,45 проценти од гласачите. [Курир]
- На второ место со 2.152 освоени гласови (28,45 %) е Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција (НАИ). [Нова Македонија]
- На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница гласале 7.565 граѓани, односно 46,56 отсто од вкупно запишаните 16.256 избирачи. [Макфакс]
Споредба на известувањето
Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.
- ФокусРадичевски води во Брвеница според првичните резултати од ДИК
- 4NEWSМртва трка во Брвеница: Радичевски води пред Јахиј со само 20 гласа разлика
- 24 ИнфоВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница – Радичевски освои 2.943 гласа
- КурирОФИЦИЈАЛНО: Брвеница оди во втор круг, Радичевски во водство пред Јахји
- СителРадичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
- ПлусинфоЌЕ ИМА ВТОР КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО БРВЕНИЦА Избор помеѓу Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ и Аркин Јахији од НАИ
Кој што рече
Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.
- ДИК
Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ
[Нова Македонија] - ДИК
Радически освои 2.943 гласа во Брвеница, излезноста 46,56 отсто
[Макфакс]
Бројки во насловите
Насловите на различни медиуми носат различни бројки. Не одлучуваме која е точна — провери ги извештаите.
- 2943 — 24 Инфо, Макфакс
- 20 — 4NEWS
- 100 — Алфа
- 46 — Макфакс
Сите извештаи (19)
- Фокуспрв
Радичевски води во Брвеница според првичните резултати од ДИК
Државната изборна комисија (ДИК) ја активираше интернет-страницата за следење на резултатите од денешните предвремени избори за градоначалник…
Мртва трка во Брвеница: Радичевски води пред Јахиј со само 20 гласа разлика
Неизвесна изборна трка за градоначалник на Општина Брвеница. Според првичните резултати на Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, има…
ВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница – Радичевски освои 2.943 гласа
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Стојанчо Радичевски, освои најмногу гласови на предвремените локални избори за градоначалник на Општина Брвеница, одржани денеска, 18 октомври 2026 година. Според објавените резултати на Државната изборна комисија (ДИК), Радичевски освои 2.943 гласа, односно 38,90 проценти, со што се најде на првото место меѓу шесте кандидати за…
ОФИЦИЈАЛНО: Брвеница оди во втор круг, Радичевски во водство пред Јахји
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ освои 38,90 отсто од гласовите, додека кандидатот на НАИ доби поддршка од 28,45 проценти од гласачите. Во Општина Брвеница ќе се одржи втор круг од изборите за градоначалник, откако ниту еден од кандидатите не освои доволно гласови за победа во првиот круг, покажуваат податоците објавени на официјалната страница на Државната изборна комисија (ДИК). Според обработените…
Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Стојанчо Радичевски, освои најмногу гласови на денешните предвремени избори за градоначалник на општина Брвеница. Според објавените резултати на Државната изборна комисија (ДИК), Радичевски добил поддршка од 2.943 избирачи, односно 38,90 проценти од гласовите. На второто место е Аркин Јахиу од Националната алијанса за интеграција (НАИ) со…
ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО БРВЕНИЦА Избор помеѓу Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ и Аркин Јахији од НАИ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му честиташе на Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ за освоениот број гласови на изборите за градоначалник во Брвеница, а Аркин Јахији од НАИ им заблагодари на гласачите за дадената поддршка за него и посочи дека сите граѓаните треба да бидат горди на изборниот процес.
Истиот текст го објавија и (1):ДИК: Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ
Кандидатот за градоначалник Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови на предвремените избори во Општина Брвеница – 2.943 гласови (38,90 %). На второ место со 2.152 освоени гласови (28,45 %) е Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција (НАИ). Ова го покажуваат последните податоци објавени од Државната изборна комисија (ДИК) …
Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
Во општина Брвеница ќе се одржи втор круг од предвремените локални избори за градоначалник, откако ниту еден од кандидатите не успеа да обезбеди мнозинство од гласовите. Според резултатите објавени од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг ќе се соочат Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција (НАИ), коалицијата предводена од ДУИ.…
ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ
Кандидатот за градоначалник Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ…
(Видео) ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница, излезноста 46,56 отсто
На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница гласале 7.565 граѓани, односно 46,56 отсто од вкупно запишаните 16.256 избирачи. Според првичните резултати добиени по електронски пат, Стојанчо Радически, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, освоил 2.943 гласа, односно 38,9 отсто. Ова го соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ, на…
ДИК потврди, Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови во првиот круг од изборите во Брвеница
Ова го покажуваат последните податоци објавени од Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со 21:27 часот, по 100 проценти обработени избирачки места во општината. Трет по бројот на освоени гласови е Јакуп Хусеини од коалицијата Влен со 1.528 гласови (20,20 отсто), а по него следуваат Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ со 706 гласови (9,33 отсто), …
Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.