Венс: Имиграцијата е виновна за насилството за време на протестите во Франција

6 извори · 6 извештаи2 препишани · независноста не е проверенаПрви објавија Либертас и Плусинфо · · последен
Прочитај на Либертас (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја обвини имиграцијата за насилството за време на протестите во Франција. Во објава на Икс, Венс сподели и видео на кое се гледа како гори градското собрание во Лимож.

Клучни точки

  • Западните либерали го увезоа третиот свет во Франција и другите земји во име на различноста и сочувството. [Плусинфо]
  • Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс оцени дека имиграцијата е одговорна за насилството што избувна за време на протестите во Франција, обвинувајќи ги опозициските демократи дека сакаат исто сценарио и во Соединетите Американски Држави. [Макфакс]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • ВенсИмиграцијата е виновна за насилството за време на протестите во Франција[Либертас]

Сите извештаи (6)

  1. Либертаспрв

    Венс: Имиграцијата е виновна за насилството за време на протестите во Франција

    Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја обвини имиграцијата за насилството за време на протестите во Франција. Во објава на Икс, Венс сподели и видео на кое се гледа како гори градското собрание во Лимож. „Западните либерали го увезоа третиот свет во Франција и другите земји во име на различноста и сочувството. Тие ги игнорираа фундаменталните …

    Истиот текст го објавија и (1):
  2. Плусинфопрв

    „СЕ НАДЕВАМ ДЕКА АМЕРИКАНЦИТЕ ВНИМАВААТ“ Венс ја обвини имиграцијата за насилството на протестите во Франција

    Западните либерали го увезоа третиот свет во Франција и другите земји во име на различноста и сочувството. Тие ги игнорираа фундаменталните прашања за асимилација и компатибилност. Беа предупредени дека тоа ќе доведе до ваков вид насилство, но тие не слушаа, напиша американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Икс.

    Изменето од издавачот (2 верзии)
  3. Макфакс

    Венс за немирите во Франција: Имиграцијата го предизвика насилството, демократите го сакаат истото за САД

    Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс оцени дека имиграцијата е одговорна за насилството што избувна за време на протестите во Франција, обвинувајќи ги опозициските демократи дека сакаат исто сценарио и во Соединетите Американски Држави. „Западните прогресивци го увезоа третиот свет во Франција и во други земји во име на различноста и сочувството. Ги занемарија основните прашања …

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. Локално

    Венс: Имиграцијата е виновна за насилството на протестите во Франција

    Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, ја обвини имиграцијата за насилството на протестите во Франција. Во својата…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.