Ова е младиот херој од Делчево кој пронајде и врати 4.000 евра – доби јавно признание

4 извори · 4 извештаиПрв објави Инфомакс · · последен
Прочитај на Инфомакс (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Градоначалникот на Делчево денеска му додели плакета на 18-годишниот Огнен Малешевски, кој викендов пронашол 4.000 евра и лични документи на улица и ги предал во полиција. „Денешниот работен ден го започнав со прием на нашиот тивок херој Огнен Малешевски.

Клучни точки

  • Наместо да ги задржи парите, Огнен ги пријавил и ги предал на полициските службеници. [Скопје Инфо]
  • Гоцевски го пречекал младиот сограѓанин во својот кабинет, нарекувајќи го „тивок херој“ кој со својата чесност ја воодушевил јавноста, без притоа да бара внимание или признание. [Сител]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (4)

  1. Инфомакспрв

    Ова е младиот херој од Делчево кој пронајде и врати 4.000 евра – доби јавно признание

    Градоначалникот на Делчево денеска му додели плакета на 18-годишниот Огнен Малешевски, кој викендов пронашол 4.000 евра и лични документи на улица и ги предал во полиција. „Денешниот работен ден го започнав со прием на нашиот тивок херој Огнен Малешевски. Момчето кое со својот пример ја восхити целокупната јавност без да побара грам внимание за својот …

  2. Скопје1

    18-годишниот Огнен од Делчево доби плакета откако пронашол 4.000 евра на улица и ги предал во полицијата

    Осумнаесетгодишниот Огнен Малешевски од Делчево доби плакета од градоначалникот Иван Гоцевски, откако викендов пронашол изгубени пари и лични документи и ги предал во полицијата.Младиот делчевец во саботата, на булеварот „Македонија“, пронашол патна исправа и лична карта на свој сограѓанин, заедно со 114.000 денари и околу 2.000 евра. Наместо да ги задржи, веднаш ги однел во Полициската станица…

  3. Скопје Инфо

    Огнен од Делчево најде 4.000 евра, ги врати и доби признание

    Осумнаесетгодишниот Огнен од Делчево доби плакета откако пронашол 4.000 евра на улица и ги предал во полиција. Наместо да ги задржи парите, Огнен ги пријавил и ги предал на полициските службеници.

  4. Сител

    18-годишниот Огнен кој пронајде и врати 4.000 евра доби плакета од градоначалникот на Делчево

    Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска му врачи плакета на 18-годишниот Огнен Малешевски, кој викендов пронашол поголема сума пари и лични документи на улица и без двоумење ги предал во полиција. Гоцевски го пречекал младиот сограѓанин во својот кабинет, нарекувајќи го „тивок херој“ кој со својата чесност ја воодушевил јавноста, без притоа да бара внимание или признание. „Денешниот…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.