Нови правила за патување во Европа: Од 2027 година и Македонците ќе треба да платат 20 евра за ETIAS – што треба да знаете?

Фото: Фактор
Известуваат 8 медиумиПрв објави Фактор · · последен

Преглед

Граѓаните на Македонија, како и на другите земји од Западен Балкан што имаат безвизен режим со Европската Унија, наскоро ќе се соочат со нова обврска при патувањето во Европа. Се подготвува воведување на Европскиот систем за информации и одобрување патувања (ETIAS), кој ќе подразбира претходна електронска регистрација и плаќање надомест од 20 евра.

Прочитај на Фактор

Клучни точки

  • Македонските граѓани наскоро ќе треба да исполнат уште еден услов пред да патуваат во поголемиот дел од Европа. [ТРН]
  • Македонските граѓани кои планираат да патуваат во земјите од Шенген-зоната и во Кипар ќе треба да добијат електронско одобрение пред патувањето, откако ќе започне примената на новиот европски систем ETIAS, чие воведување се планира во текот на 2027 година. [Булевар]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (8)

  1. Факторпрв

    Нови правила за патување во Европа: Од 2027 година и Македонците ќе треба да платат 20 евра за ETIAS – што треба да знаете?

    Граѓаните на Македонија, како и на другите земји од Западен Балкан што имаат безвизен режим со Европската Унија, наскоро ќе се соочат со нова обврска при патувањето во Европа. Се подготвува воведување на Европскиот систем за информации и одобрување патувања (ETIAS), кој ќе подразбира претходна електронска регистрација и плаќање надомест од 20 евра. Според најновите најави, системот треба да…

    Истиот текст го објавија и (3):
  2. ТРН

    20 евра за патување во Европа: Од 2027 година Македонците ќе мора да добијат и ETIAS-одобрение

    Македонските граѓани наскоро ќе треба да исполнат уште еден услов пред да патуваат во поголемиот дел од Европа. Од 2027 година се очекува да започне примената на Европскиот систем за информации и одобрување патувања (ETIAS), кој ќе бара претходна електронска регистрација и плаќање надомест од 20 евра за повеќето патници. Тоа не значи дека ќе ...

  3. Скопје Инфо

    Од 2027 година македонските граѓани ќе треба да добијат електронско одобрение пред патување во ЕУ

    Македонските граѓани од 2027 година ќе треба да направат дополнителна регистрација пред патување во Шенген-зоната. Станува збор за системот ETIAS, преку кој патниците од земјите што имаат безвизен режим со Европската Унија ќе мора да добијат електронско одобрение пред да тргнат на пат.

  4. Булевар

    Нови правила за патување во ЕУ од 2027 година: Македонските граѓани ќе мора да платат 20 евра за електронско одобрение

    Македонските граѓани кои планираат да патуваат во земјите од Шенген-зоната и во Кипар ќе треба да добијат електронско одобрение пред патувањето, откако ќе започне примената на новиот европски систем ETIAS, чие воведување се планира во текот на 2027 година. Новата процедура ќе се однесува на државјаните на земјите кои имаат безвизен режим со Европската Унија, ...

    Истиот текст го објавија и (1):

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.