Сиљановска-Давкова пред Руте: Коридорите 8 и 10 се стратешки правци за воената мобилност на НАТО

Фото: Макфакс
Известуваат 17 медиумиПрв објави Макфакс · · последен

Во овој настан:РутеСиљановска-ДавковаКоридорите

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и колективната одбрана, посочувајќи дека сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни предуслови за безбедноста на сојузниците.

Клучни точки

  • Таа порача дека искуството со исполнувањето на сојузничките стандарди треба да биде пример и за европската интеграција. [Плусинфо]
Прочитај на Макфакс

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (17)

  1. Макфакспрв

    Сиљановска-Давкова пред Руте: Коридорите 8 и 10 се стратешки правци за воената мобилност на НАТО

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и колективната одбрана, посочувајќи дека сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни предуслови за безбедноста на сојузниците. Таа ја потврди определбата…

  2. Скопје1

    Поддршка за Украина и модернизација на Армијата во фокусот на средбата Сиљановска-Давкова – Руте

    Зајакнувањето на сојузничката соработка, модернизацијата на Армијата и поддршката за Украина биле меѓу темите на разговор на средбата меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Брисел, во рамките на нејзината работна посета.Сиљановска-Давкова ја потврди посветеноста на Македонија кон НАТО и колективната одбрана, нагласувајќи дека единството меѓу…

  3. Нова Македонија

    Силјановска-Давкова – Руте: Потврдена посветеноста на НАТО и колективната одбрана

    Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на која ја реафирмирала посветеноста на државата кон Алијансата и принципот на колективна одбрана. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, Силјановска-Давкова истакнала дека сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни…

  4. Рацин

    Сиљановска-Давкова се сретна со Руте, реафирмирана поддршката за Украина

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Според соопштението од нејзиниот кабинет, Сиљановска-Давкова ја реафирмирала посветеноста на македонската држава на НАТО и колективната одбрана, посочувајќи дека сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни предуслови за безбедноста на…

  5. Алфа

    Сиљановска-Давкова – Руте: Сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни предуслови за безбедноста на сојузниците

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.