Македонски државјанин под истрага на ФБИ: Од Голема Речица управувал со платформа за сајбер-криминал, тврди МВР

4 извори · 4 извештаи1 препишан · независноста не е проверенаПрв извештај · последен
Прочитај на Скопје1 (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Дваесетгодишник од тетовското село Голема Речица е осомничен дека управувал со нелегален онлајн пазар преку кој се продавале украдени лични податоци, пристапи до кориснички сметки и компјутерски мрежи, како и алатки за извршување компјутерски криминал. До неговото откривање дошло по заедничка…

Клучни точки

  • Дваесетгодишник од тетовското село Голема Речица е осомничен дека управувал со нелегален онлајн пазар преку кој се продавале украдени лични податоци, пристапи до кориснички сметки и компјутерски мрежи, како и алатки за извршување компјутерски криминал. [Скопје1]
  • Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 20-годишниот Е.А. [Инфомакс]
  • Дваесетгодишен жител на тетовското село Голема Речица е осомничен дека стоел зад администрирањето на нелегалниот онлајн-пазар „OLVX“, преку кој се нуделе украдени лични податоци, кориснички пристапи и алатки за вршење сајбер-криминал, соопшти Министерството за внатрешни работи. [Скопје Инфо]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (4)

  1. Скопје1

    Македонски државјанин под истрага на ФБИ: Од Голема Речица управувал со платформа за сајбер-криминал, тврди МВР

    Дваесетгодишник од тетовското село Голема Речица е осомничен дека управувал со нелегален онлајн пазар преку кој се продавале украдени лични податоци, пристапи до кориснички сметки и компјутерски мрежи, како и алатки за извршување компјутерски криминал. До неговото откривање дошло по заедничка истрага на македонското Министерство за внатрешни работи и американското Федерално истражно биро…

    Истиот текст го објавија и (1):
  2. Инфомакс

    ФБИ и МВР разбиле сајбер-шема: 20-годишник од Голема Речица водел нелегален онлајн пазар

    Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 20-годишниот Е.А. од тетовска Голема Речица, осомничен дека администрирал нелегална онлајн платформа преку која се продавале украдени лични и дигитални податоци. Случајот бил откриен во координирана акција на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР и американското Федерално истражно биро – ФБИ. Според МВР…

  3. Скопје Инфо

    Заедничка акција на МВР и ФБИ: 20-годишник од Голема Речица осомничен дека го администрирал нелегалниот сајбер-пазар „OLVX“

    Дваесетгодишен жител на тетовското село Голема Речица е осомничен дека стоел зад администрирањето на нелегалниот онлајн-пазар „OLVX“, преку кој се нуделе украдени лични податоци, кориснички пристапи и алатки за вршење сајбер-криминал, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.