Маскирани напаѓачи во Данска украдоа колекционерски Покемон карти вредни над 130.000 евра

Известуваат 3 медиумиПрв објави ТРН · · последен

Преглед

Петмина маскирани напаѓачи ограбија специјализирана продавница во данскиот град Рунгстед Кист и однесоа колекционерски карти Покемон во вредност од над 130.000 евра. Во вооружениот напад северно од Копенхаген беа физички нападнати двајца вработени, а данската полиција веднаш покрена истрага и ги повика очевидците да пријават информации за сторителите.

Прочитај на ТРН

Клучни точки

  • Според информациите од полицијата, тие со предмет кој наликувал на пиштол му се заканиле на вработен од трговски центар во Лингби, по што ги искршиле излозите. [24 Инфо]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (3)

  1. ТРНпрв

    Маскирани напаѓачи во Данска украдоа колекционерски Покемон карти вредни над 130.000 евра

    Петмина маскирани напаѓачи ограбија специјализирана продавница во данскиот град Рунгстед Кист и однесоа колекционерски карти Покемон во вредност од над 130.000 евра. Во вооружениот напад северно од Копенхаген беа физички нападнати двајца вработени, а данската полиција веднаш покрена истрага и ги повика очевидците да пријават информации за сторителите. Грабежот се случил во вечерните часови во ...

  2. 24 Инфо

    Ограбена данска продавница за покемон картички вредни над 130.000 евра

    Данската полиција вчера почна опсежна истрага против петмина маскирани мажи за кражба на покемон картички во вредност од над 130.000 евра, од продавница северно од Копенхаген. Според информациите од полицијата, тие со предмет кој наликувал на пиштол му се заканиле на вработен од трговски центар во Лингби, по што ги искршиле излозите. „Веднаш по грабежот ...

  3. MakPress

    Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра

    Данската полиција денеска почна истрага откако маскирани лица упаднаа во продавница специјализирана за продажба на „Покемон“ карти и украле колекционерски примероци во вредност од над 130.000 евра. Полицијата трага по петмина мажи за кои се верува дека, користејќи „предмет што наликува на пиштол“, му се заканувале на вработениот во продавница лоцирана во трговски центар во ... The post Од…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.