Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Преглед
Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.
Во септември 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити минимално се зголеми и изнесува 4,68%. На годишна основа продолжи трендот на намалување, при што падот изнесува 0,17 п.п.
Клучни точки
- Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити забележа раст и на месечно и на годишно ниво за 0,24 процентни поени и 0,47 процентни поени соодветно, со што достигна ниво од 4,94 проценти. [Лидер]
- Кредитите што банките ги одобруваат стануваат поскапи, иако просечните камати на вкупните кредитни портфолија и натаму се пониски отколку пред една година. [Пари]
Споредба на известувањето
Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.
- КурирПозначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
- ЛидерРАСТ КАЈ НОВООДОБРЕНИТЕ КРЕДИТИ: Просечната каматна стапка во септември достигна 4,94 отсто
- Скопје1Раст на каматите на новите кредити, просечната стапка достигна 4,94 проценти
- МКД.мкНБМ: Намалување на каматните стапки на банките и штедилниците
- ПариНОВИТЕ КРЕДИТИ ПОСКАПУВААТ: Банките им наплаќаат на компаниите над пет проценти камата
Кој што рече
Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.
Сите извештаи (6)
- Курирпрв
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Во септември 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити минимално се зголеми и изнесува 4,68%. На годишна основа продолжи трендот на намалување, при што падот изнесува 0,17 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,19% и бележи иста динамика како и каматата на кредитите - мал месечен раст од 0,01 п.п. и мал годишен пад од 0,01 п.п. Просечната каматна стапка на…
Истиот текст го објавија и (1): РАСТ КАЈ НОВООДОБРЕНИТЕ КРЕДИТИ: Просечната каматна стапка во септември достигна 4,94 отсто
Во текот на септември 2026 година се забележани нови поместувања кај каматните стапки на банките и штедилниците во земјата. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити забележа раст и на месечно и на годишно ниво за 0,24 процентни поени и 0,47 процентни поени соодветно, со што достигна ниво од 4,94 проценти. Кај вкупните кредити, просечната каматна стапка забележа минимален пораст на…
Раст на каматите на новите кредити, просечната стапка достигна 4,94 проценти
Каматните стапки на банките во Македонија во септември 2026 година бележат мали промени, при што просечната камата на вкупните кредити минимално се зголемила, додека на годишно ниво продолжува трендот на намалување, покажуваат податоците за движењата кај каматните стапки на банките и штедилниците.Просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесувала 4,68 проценти, што е месечен раст, но…
НБМ: Намалување на каматните стапки на банките и штедилниците
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,17 п.п. и изнесува 4,68%. На годишна основа продолжи трендот на намалување, при што падот изнесува 0,17 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,19% и бележи иста динамика како и каматата на кредитите – мал месечен раст од 0,01 п.п. и мал годишен ...
НОВИТЕ КРЕДИТИ ПОСКАПУВААТ: Банките им наплаќаат на компаниите над пет проценти камата
Кредитите што банките ги одобруваат стануваат поскапи, иако просечните камати на вкупните кредитни портфолија и натаму се пониски отколку пред една година. Во септември, каматната стапка на новоодобрените кредити достигнала 4,94 проценти, а кај компаниите се искачила на 5,05 проценти. Истовремено, просечната камата на новопримените депозити изнесувала 2,70 проценти. Најновите податоци на…
Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.