Нова трагедија го шокираше македонскиот фудбал: Почина Владимир Секуловски

Фото: МакФудбал
Известуваат 10 медиумиПрв објави SportSport · · последен

Преглед

Шок и неверување. Предмалку пристигна траорна вест дека починал поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, и член на екипите на Вардар, Тетекс, Слога Југомагнат, Работнички, Владимир Секуловски.

Прочитај на SportSport

Клучни точки

  • Тежок удар за македонскиот фудбал и нова огромна загуба за спортско Тетово. [МакФудбал]
  • Македонскиот фудбал повторно тагува. [4NEWS]
  • Секуловски е роден во 1980 година. [24 Инфо]
  • Македонскиот фудбал остана без уште едно познато име. [Скопје1]
  • Секуловски во професионалната кариера настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп-трофеи. [Инфомакс]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Владимир Секуловски

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (10)

  1. SportSportпрв

    Нова трагедија го шокираше македонскиот фудбал: Почина Владимир Секуловски

    Шок и неверување. Предмалку пристигна траорна вест дека починал поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, и член на екипите на Вардар, Тетекс, Слога Југомагнат, Работнички, Владимир Секуловски. Секуловски е генерација 1980 година, а во кариерата имаше големи успеси со повеќе македонски прволигаши, освојуваше титули, и Куп трофеји. По трагедијата која што го погоди Тетово со смртта на ...

  2. МакФудбал

    Нова тажна вест за македонскиот фудбал: Почина поранешниот репрезентативец Владимир Секуловски

    Тежок удар за македонскиот фудбал и нова огромна загуба за спортско Тетово. Непосредно по шокантното заминување на Агрон Мемеди, фудбалската јавност е потресена од веста за прераната смрт на Владимир Секуловски – поранешен македонски репрезентативец и истакнат првотимец на Вардар, Тетекс, Слога Југомагнат и Работнички. Роден 1980 година, Секуловски остави длабока трага во македонскиот клубски ...

  3. 4NEWS

    Почина поранешниот репрезентативец Владимир Секуловски

    Македонскиот фудбал повторно тагува. На 46-годишна возраст почина поранешниот македонски репрезентативец Владимир Секуловски, кој остави значајна трага на домашната фудбалска сцена. Роден...

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. Спортманија

    Почина познат македонски екс фудбалер, неофицијално станува збор за самоубиство!

    Македонскиот фудбал е завиен во црно, нова загуба за фудбалско Тетово. На 46 години почина Владимир Секуловски, поранешен македонски репрезентативец и истакнат екс првотимец на Вардар, Тетекс, Слога Југомагнат и Работнички, а играше и во Шкумбини во Албанија, Македонија Ѓорче Петров, Осогово... Тој освојуваше шампионски титули и трофеи во Купот на Македонија, а во меч ...

  5. 24 Инфо

    Почина Владимир Секуловски, поранешен македонски репрезентативец

    На 46-годишна возраст почина Владимир Секуловски, поранешен македонски фудбалски репрезентативец кој во текот на кариерата настапуваше за Вардар, Тетекс, Слога Југомагнат и Работнички. Секуловски е роден во 1980 година. Во домашниот фудбал освои шампионски титули и трофеи во Купот на Македонија, а посебен белег остави во Тетово со настапите во дресот на Тетекс. Веста за ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.