Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години од 1 јануари 2027 година

13 извори · 13 извештаи7 препишани · независноста не е проверенаПрв објави Независен весник · · последен
Прочитај на Независен весник (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Грчкиот парламент одобри закон со кој ќе се забрани пристапот до социјалните медиуми за деца под 15 години од 1 јануари 2027 година,јави ЕРТ. Законот, поднесен од грчкиот државен министер Акис Скерцос, беше усвоен со мнозинство гласови во пленарната сала на парламентот по дебатите што траеја повеќе од 16 часа.

Клучни точки

  • Законот, кој ќе стапи во сила на 1 јануари 2027 година, е донесен поради зголемената загриженост за влијанието на овие платформи врз здравјето и безбедноста на малолетниците, пренесува „Ројтерс“. [Макфакс]
  • Со оваа одлука, технолошките компании ќе бидат обврзани да ја проверуваат возраста на корисниците, додека властите најавуваат дека заштитата на личните податоци мора да остане загарантирана. [Скопје Инфо]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (13)

  1. Независен весникпрв

    Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години од 1 јануари 2027 година

    Грчкиот парламент одобри закон со кој ќе се забрани пристапот до социјалните медиуми за деца под 15 години од 1 јануари 2027 година,јави ЕРТ. Законот, поднесен од грчкиот државен министер Акис Скерцос, беше усвоен со мнозинство гласови во пленарната сала на парламентот по дебатите што траеја повеќе од 16 часа. Новите одредби бараат од платформите …

    Истиот текст го објавија и (5):
  2. 4NEWS

    Грција ги забранува социјалните мрежи за деца под 15 години од 2027 година

    Децата помлади од 15 години во Грција нема да смеат да користат социјални мрежи од 1 јануари 2027 година, откако грчкиот парламент…

  3. Макфакс

    Грција од 1 јануари ги забранува социјалните мрежи за деца помлади од 15 години

    Грчкиот парламент усвои закон со кој на децата помлади од 15 години им се забранува користење социјални мрежи. Законот, кој ќе стапи во сила на 1 јануари 2027 година, е донесен поради зголемената загриженост за влијанието на овие платформи врз здравјето и безбедноста на малолетниците, пренесува „Ројтерс“. Премиерот Киријакос Мицотакис порача дека платформите имаат рок …

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. МКД.мк

    Грција ги забранува социјалните мрежи за деца под 15 години

    Како што пренесува Ројтерс, законот, кој стапува на сила на 1 јануари 2027 година, е донесен поради зголемената загриженост за влијанието на овие платформи врз здравјето и безбедноста на малолетниците. Премиерот Киријакос Мицотакис изјави дека платформите имаат рок од два и пол месеци да развијат систем за проверка на возраста на корисниците и да ја …

  5. Скопје1

    Грција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 години

    Децата помлади од 15 години во Грција од 1 јануари 2027 година нема да смеат да користат социјални мрежи, според новиот закон што го усвои грчкиот парламент. Со оваа одлука, технолошките компании ќе бидат обврзани да ја проверуваат возраста на корисниците, додека властите најавуваат дека заштитата на личните податоци мора да остане загарантирана.Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека…

  6. Република

    Грција ги забранува социјалните мрежи за деца под 15 години

    Грчкиот парламент усвои закон со кој им се забранува на децата помлади од 15 години да користат социјални мрежи. Како што пренесува Ројтерс, законот, кој стапува на сила на 1 јануари 2027 година, е донесен поради зголемената загриженост за влијанието на овие платформи врз здравјето и безбедноста на малолетниците. Премиерот Киријакос Мицотакис изјави дека платформите …

    Речиси идентичен текст
  7. Скопје Инфо

    Грција забрани социјални мрежи за децата помлади од 15 години

    Од 1 јануари 2027 година, децата помлади од 15 години во Грција нема да смеат да користат социјални мрежи, според новиот закон што го усвои грчкиот парламент. Со оваа одлука, технолошките компании ќе бидат обврзани да ја проверуваат возраста на корисниците, додека властите најавуваат дека заштитата на личните податоци мора да остане загарантирана.

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.