Затвореник од Македонија дел од опасна криминална група во Србија: Уапсени седум лица за две убиства и киднапирање

3 извори · 3 извештаиПрв извештај · последен
Прочитај на Press24 (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Лицето М. С., кое се наоѓа на издржување затворска казна во Македонија, е опфатено со кривичната пријава против 12-члена организирана криминална група во Србија, осомничена за две убиства и киднапирање, соопшти српското Јавно обвинителство за организиран криминал.

Клучни точки

  • Седум лица се уапсени во голема полициска акција во Србија, под сомнение дека биле дел од организирана криминална група поврзана со две убиства, киднапирање, нелегално оружје и трговија со дрога. [Вечер]
  • По налог на Јавното обвинителство за организиран криминал, припадници на Управата за криминалистичка полиција (УКП) уапсија седум члена на организирана криминална група, осомничени за организирање и извршување на две убиства. [А1он]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (3)

  1. Press24

    Затвореник од Македонија дел од опасна криминална група во Србија: Уапсени седум лица за две убиства и киднапирање

    Лицето М. С., кое се наоѓа на издржување затворска казна во Македонија, е опфатено со кривичната пријава против 12-члена организирана криминална група во Србија, осомничена за две убиства и киднапирање, соопшти српското Јавно обвинителство за организиран криминал. Во големата полициска акција во Србија се уапсени седум лица — шест од Белград и едно од Пожаревац. …

  2. Вечер

    УБИВАЛЕ, МАЧЕЛЕ, КИДНАПИРАЛЕ, ТРГУВАЛЕ СО ОРУЖЈЕ И ДРОГА: Седум уапсени во Србија, еден од осомничените е во затвор во Македонија

    Седум лица се уапсени во голема полициска акција во Србија, под сомнение дека биле дел од организирана криминална група поврзана со две убиства, киднапирање, нелегално оружје и трговија со дрога. Во истрагата се опфатени вкупно 12 лица, меѓу кои и осомничен со иницијали М. С., кој во моментов се наоѓа во затвор во Македонија, соопшти српското Јавно обвинителство за организиран криминал....

  3. А1он

    Седум лица се уапсени за две брутални убиства во Србија

    По налог на Јавното обвинителство за организиран криминал, припадници на Управата за криминалистичка полиција (УКП) уапсија седум члена на организирана криминална група, осомничени за организирање и извршување на две убиства. Станува збор за убиството на Милан Стоковиќ во областа на Пожаревац – кој бил киднапиран на денешен ден минатата година...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.