Извори

Press24

press24.mk (се отвора нов таб)порталмакедонскијавен RSS канал74 извештаи / 7 дена

Посети го сајтот

Настани со извештаи од Press24

Од март директна линија Дубаи–Скопје три пати неделно, најави Муцунски — отвора на Макфакс

Во рамките на работната посета на Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со главниот комерцијален директор на Флајдубаи, Хамад Обаидала. На средбата беше официјално потврдено дека од март Флајдубаи ќе воспостави директна авионска линија Дубаи–Скопје, со три лета неделно. Во фокусот на разговорите беа можностите што…

Известуваат и: КурирPress24Нова Македонија+2

МВР го фати возачот кој „дрифташе” – Немал ниту таблици ниту возачка — отвора на Press24

22-годишен штипјанец ќе се соочи со пријава откако на социјалните мрежи било објавено видео на кое се гледа како дрифтува со автомобил без регистарски таблички, иако немал стекнато право да управува со возило. Од СВР Штип информираат дека по преземените мерки, на 14 октомври полициските службеници го пронашле С.К. и извршиле службен разговор со него. …

Известуваат и: МакфаксФакторКурир+2

Осум морнари се исчезнати по напад на брод во близина на романскиот брег — отвора на Press24

Осум морнари се водат како исчезнати по пожар што избувнал на брод под знамето на Сан Марино во близина на романското пристаниште Сулина во Црното Море, додека спасувачките екипи интервенираат со бродови и хеликоптери. Морнарите на погодениот брод утринава побарале помош од романските власти поради избувнувањето на пожарот, додека екипажите од блиските бродови пријавиле дека …

ФБИ и се заблагодари на македонската полиција: Успешно разбиен меѓународниот сајбер-пазар „OLVX“ — отвора на Press24

ФБИ упати официјална јавна благодарност до своите партнери од Одделот за сајбер криминал при Бирото за јавна безбедност на МВР на Северна Македонија, по повод успешното апсење на администраторот на илегалниот сајбер-маркетплејс „OLVX“. Од американската служба истакнуваат дека оваа акција има историско значење бидејќи ја означува првата заедничка сајбер-операција координирана меѓу ФБИ и Северна…

Известуваат и: ВечерМКД.мк

Во стан чувала нас 200 кучиња, мачки и кози – Хаос во соседството — отвора на Press24

Педесет и четиригодишна жена е уапсена во Солун откако полицијата открила дека во својот дом чувала повеќе од 200 домашни животни и миленици, соопшти грчката полиција. Жената била уапсена вчера попладне по претходен инцидент и закани што ги упатила кон 35-годишна жена од Алжир, што било причина за итна интервенција на полициските службеници, пренесува „Прототема“. …

Дел од Центар и од една населба во Скопје утре без вода — отвора на Нетпрес

ЈП Водовод и канализација (ВиК) – Скопје соопшти за привремени прекини на водоснабдувањето утре, четврток, во дел од центарот на главниот град и во дел од населбата Тафталиџе. Така, заради поврзување од стара на нова водоводна мрежа, од ф400 мм на ф200 мм на улица Мирослав Крлежа бб, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците …

Известуваат и: Независен весникКурирФокус+1

Пензионерите со најниски приходи ќе добијат 20.000 динари помош — отвора на Press24

Градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин, изјави дека со ребалансот на градскиот буџет ќе се обезбедат средства за еднократна помош од 20.000 динари за пензионерите со најниски приходи, која ќе биде исплатена најдоцна до крајот на октомври, а најави и дека возовите „Соко“ од понеделник повторно ќе застануваат на железничката станица Петроварадин. На прес-конференција пред …

Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди Нов Зеланд — отвора на Скопје1

Земјотрес со магнитуда од 5,1 степен според Рихтеровата скала бил регистриран денеска во Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот се наоѓал на Северниот Остров, на длабочина од 280 километри под површината на Земјата. Потресот бил регистриран на околу 95 километри од градот Хамилтон.Засега нема извештаи за повредени лица или предизвикана материјална штета.

Известуваат и: ФокусPress24

„Куќата ја изгради, но никогаш не се всели, мајка му плаче секој ден“ – Додека јавноста зборува за Ива семејството на Дурмиши тагува — отвора на Press24

Додека јавноста деновиве е преокупирана со случајот со Ива Михаилова, семејството на Бесим Дурмиши од Љуботен и натаму живее со болката од загубата на својот син и брат. Бесим почина во сообраќајна несреќа во октомври минатата година, на само 33-годишна возраст. Неговите најблиски, според сведоштвото на близок семеен пријател, сè уште не можат да се …

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ — отвора на Република

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција на компанијата „Кромберг и Шуберт“. Договорот ќе биде пиотпишан во Свечената сала на Владата. По потпишувањето предвидено е Мицкоски и претставници на „Кромберг и Шуберт“ да одржат заедничка прес-конференција.

Известуваат и: КурирPress24Сител+6

ВМРО-ДПМНЕ: Над 100 милиони денари инвестиции во Пробиштип, се подготвуваат нови проекти — отвора на Press24

Општина Пробиштип реализира инфраструктурни проекти вредни над 100 милиони денари, насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата наведуваат дека во изминатиот период биле изградени и реконструирани повеќе улици, меѓу кои „3-та“, „3-ти Април“, „Јаким Стојковски“, „Ленинов плоштад“ и „Никола Карев“. Целосно бил реконструиран и патниот правец од…

Сали: Напредокот на Црна Гора ја зајакнува европската перспектива на регионот — отвора на Макфакс

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Црна Гора, на која разговараа за билатералните односи, процесот на пристапување кон Европската Унија и можностите за продлабочување на институционалната соработка. Сали го поздрави напредокот на Црна Гора во пристапните преговори и ја потврди поддршката на Северна Македонија за …

Известуваат и: Курир360 степени

Пукна меѓу Зеленски и Трамп: Киев продолжува да ги таргетира руските рафинерии, Вашингтон се заканува со суспендирање — отвора на Press24

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев нема да се откаже од нападите врз руската нафтена инфраструктура и покрај притисокот од САД да ги запре, предупредувајќи дека евентуалното ограничување на американската разузнавачка поддршка и сателитските комуникации ќе предизвика големи човечки жртви. Во интервју за медиумите во Лондон, Зеленски нагласи дека претходните ограничувања за…

Мешани трендови на европските берзи: Нафтата падна на 104 долари, златото руши нови рекорди — отвора на Бизнис Инфо

Европските берзански индекси денес беа мешани, технолошките акции беа под притисок, а нафтата од типот Брент падна на околу 104 долари за барел, бидејќи испораките на саудиска нафта по алтернативни рути и ослободувањето на енергетските резерви ги ублажија загриженостите околу конфликтот на Блискиот Исток. Фјучерсите за нафта од типот Брент од Северното Море за испорака …

Полицаец направил фалц документи дека дарувал крв за да земе слободни денови — отвора на А1он

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по...

Известуваат и: КурирСкопје1Скопје Инфо+6

Манасиевски: Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија? — отвора на MakPress

СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. Имено, докторот кој ја констатира дијагнозата на Ива Михаилова е доктор Иван Барбов, кој беше поставен за … The post Манасиевски: Дали зад Ива Михаилова директно…

Известуваат и: КурирИнфомаксМакфакс+1

Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, ете ги „успесите“ на СДС и Филипче — отвора на Макфакс

„Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ. Една од тезите со која Филипче ја манипулира јавноста дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет е тврдењето дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ. Ова е голема …

Известуваат и: КурирМКДенесReporter.mk

Николоски: Инвестираме 114 милиони денари во Брвеница, победа во прв круг на Стојанчо Радичевски за уште повеќе проекти — отвора на Курир

Брвеница беше еден од дијамантите на изборите во 2025 година, во недела очекувам масовна победа на изборите. Затоа граѓаните да дадат масовна поддршка за бројот 1 и да продолжиме заеднички да ја развуваме Брвеница. Како што ветивме, тука ќе изградиме клучка и Брвеница ќе ја поврземе на автопатот на Коридор 8, порача заменик претседателот на владата, Александар Николоски по средбите со граѓани во…

Известуваат и: НетпресМКДенесДенешен+4

📽️ Трагедија во Истанбул по обилните дождови. Дете загина од струен удар, уште едно лице го загуби животот во поплавите — отвора на Плусинфо

Најмалку две лица, меѓу кои и 14-годишно дете, загинаа во поплавите во Истанбул. Во некои делови од градот наврнале 242 литри дожд на квадратен метар, а надлежните најавуваат продолжување на обилните врнежи.

Муцунски од Дубаи: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства — отвора на Скопје1

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, порача дека поврзаноста, отпорноста и партнерствата ќе бидат меѓу клучните фактори за успехот на државите во наредните децении. Тој се обрати на сесијата „Трговијата во свет што се менува“ во рамките на Форумот на идни глобални лидери, организиран од Светскиот економски форум во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.Во своето…

Известуваат и: МакфаксТелмаКурир+1