Ексдиректорот на земјоделскиот инспекторат Васе Анакиев наплаќал 4.500 евра за упис на факултет и 4.500 евра за земање диплома, Обвинителството во судот покажа и снимки од тајното следење

Фото: Сакам да кажам
Известуваат 8 медиумиПрв објави Сакам да кажам · · последен

Преглед

Поранешниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, барал 9.000 евра за посредување при упис на факултет и добивање диплома, покажуваат комуникациите презентирани во судскиот процес против него. Обвинителството на денешното рочиште презентираше и снимки од тајното следење со судска наредба.

Прочитај на Сакам да кажам

Клучни точки

  • Случајот против директорскиот кадар на актуелната власт повторно го отвора прашањето за политичката одговорност на партијата предводена од вицепремиерот Љупчо Димовски. [Рацин]
  • На рочиштето одржано на 23 ноември, Обвинителството презентираше електронски пораки и снимки од тајното следење, кои отворија дополнителни прашања за неговите активности додека извршувал јавна функција. [Булевар]
  • Нови детали од случајот против поранешниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, беа презентирани на денешното рочиште во Одделот за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд во Скопје. [Национално]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Анакиев

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Бројки во насловите

Насловите на различни медиуми носат различни бројки. Не одлучуваме која е точна — провери ги извештаите.

  • 4500 — Сакам да кажам, Фокус, Либертас, Рацин
  • 9000 — Скопје Инфо, Булевар, Антропол, Национално
  • 100000 — Антропол, Национално

Сите извештаи (8)

  1. Сакам да кажампрв

    ЕКСДИРЕКТОРОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ ИНСПЕКТОРАТ ВАСЕ АНАКИЕВ НАПЛАЌАЛ 4.500 ЕВРА ЗА УПИС НА ФАКУЛТЕТ И 4.500 ЕВРА ЗА ЗЕМАЊЕ ДИПЛОМА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВО СУДОТ ПОКАЖА И СНИМКИ ОД ТАЈНОТО СЛЕДЕЊЕ

    На денешното судење во Одделот за организиран криминал и корупција во Кривичниот суд против поранешниот директор на Државниот инспекторат за ...

  2. Фокус

    Снимките покажаа: Ексдиректорот на земјоделскиот инспекторат Анакиев наплаќал по 4.500 евра за упис на факултет и исто толку за земање диплома

    На денешното судење во Одделот за организиран криминал и корупција во Кривичниот суд против поранешниот директор на...

  3. Скопје Инфо

    9.000 евра за диплома без мака – обвинителството презентираше пораки и снимки од тајното следење на Васе Анакиев

    Поранешниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, барал 9.000 евра за посредување при упис на факултет и добивање диплома, покажуваат комуникациите презентирани во судскиот процес против него. Обвинителството на денешното рочиште презентираше и снимки од тајното следење со судска наредба.

  4. Либертас

    Снимките покажаа: Ексдиректорот на земјоделскиот инспекторат Анакиев наплаќал по 4.500 евра за упис на факултет и исто толку за земање диплома

    На денешното судење во Одделот за организиран криминал и корупција во Кривичниот суд против поранешниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев од Социјалистичка партија, кој беше фатен со 50.000 евра мито во гаражата во зградата каде што живее ексминистерот за земјоделие Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, беа презентирани снимки од тајното следење со ...

    Речиси идентичен текст
  5. Рацин

    Ексдиректорот Анакиев од СПМ барал по 4.500 евра за упис на факултет и диплома

    Пораки за диплома од 9.000 евра се меѓу материјалите презентирани во судската постапка против Васе Анакиев, поранешен директор на Државниот инспекторат за земјоделство и партиски функционер на СПМ. Случајот против директорскиот кадар на актуелната власт повторно го отвора прашањето за политичката одговорност на партијата предводена од вицепремиерот Љупчо Димовски. На рочиштето на 23 ноември…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.