Пукање во средно училиште во Крагуевац!

Фото: Независен весник
Известуваат 20 медиумиПрв објави Инфомакс · · последен

Преглед

Во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, ученик влегол со, како што се претпоставува, малокалибарско оружје и ранил две чистачки. Како што дознава Н1, ученикот влегол во холот на училиштето околу 8 часот, додека наставата била во тек.

Прочитај на Инфомакс

Клучни точки

  • Две работнички одговорни за одржување на хигиената се повредени во пукање што утрово се случило во средно училиште во Крагуевац, Србија. [Скопје Инфо]
  • Според првите, непотврдени информации, ранети се две хигиеничарки, објавува nova.rs. [Независен весник]
  • Полицијата го привела, учениците се безбедни. [24часа]
  • Пукање во училиште во Србија, ранети две вработени Александра Спасеска 24.11.2026 / 09:27 Регион Утринава дојде до пукање во техничко училиште во Крагуевац, Србија. [Кајгана]
  • Пукотница се случила утрово во Техничкото училиште во Крагуевац, откако машко лице влегло во објектот и пукало кон персоналот за чистење, неофицијално дознава „Курир рс“, а полицијата го блокирала влезот на училиштето. [Press24]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Крагуевац

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (24)

  1. Инфомакспрв

    ПУКАЊЕ ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО КРАГУЕВАЦ!

    Во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, ученик влегол со, како што се претпоставува, малокалибарско оружје и ранил две чистачки. Како што дознава Н1, ученикот влегол во холот на училиштето околу 8 часот, додека наставата била во тек. Станува збор за ученик во истото училиште. Извор: Н1

  2. Скопје Инфо

    Пукање во средно училиште во Крагуевац, има и повредени

    Две работнички одговорни за одржување на хигиената се повредени во пукање што утрово се случило во средно училиште во Крагуевац, Србија.

    Изменето од издавачот (3 верзии)
  3. Независен весник

    Пукање во средно училиште во Србија – ранети две хигиеничарки

    Утрово, полицијата го блокираше Средното техничко училиште во Крагуевац и околината по пукањето во училиштето. Според првите, непотврдени информации, ранети се две хигиеничарки, објавува nova.rs. Според истите информации, помлад маж пукал со пушка, а двете ранети жени работат во училиштето. Министерството за внатрешни работи на Србија сѐ уште не даде коментар за пукањето.

  4. 24часа

    (ВИДЕО) УЧЕНИК (17) СО ПУШКА ВЛЕГОЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО КРАГУЕВАЦ: Ранил вработена, полицијата веднаш го привела

    Седумнаесетгодишен ученик вооружен со малокалибарска пушка влегол во училиште во Крагуевац и ранил вработена. Полицијата го привела, учениците се безбедни.

  5. Плусинфо

    ТИНЕЈЏЕР ПУКАЛ ВО СРЕДНО ШКОЛО ВО КРАГУЕВАЦ Повредени две хигиеничарки, напаѓачот е приведен

    Изменето од издавачот (3 верзии)

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.