Четири потврдени случаи со морбили, се испитува нивна евентуална поврзаност

13 извори · 13 извештаи4 препишани · независноста не е проверенаПрв објави А1он · · последен

Во овој настан:Клековски

Прочитај на А1он (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Има четири потврдени случаи со морбили во државава од кои еден е странски државјанин и три македонски државјани од Велес, Штип и Скопје. Од домашните случаи две се бебиња под 12 месеци и еден е на возраст над 40 години.

Клучни точки

  • Сите тројца се невакцинирани, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. [Нова Македонија]
  • Во земјава се регистрирани четири лабораториски потврдени случаи на морбили. [Лидер]
  • Според него , од трите случаи дома -две се бебиња на возраст од 12 месеци, а еден е возрасен пациент на 40- годишна возраст. [Телма]
  • Во сите три случаи станува збор за невакцинирани лица. [Бриф]
  • Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје, посочи тој, ги завршуваат епидемиолошките анализи за евентуалната поврзаност и можност за поврзаност меѓу случаите и многу набргу ќе го објавиме тоа дали има поврзаност меѓу тие случаи или не. [МКД.мк]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (13)

  1. А1онпрв

    Четири потврдени случаи со морбили, се испитува нивна евентуална поврзаност

    Има четири потврдени случаи со морбили во државава од кои еден е странски државјанин и три македонски државјани од Велес, Штип и Скопје. Од домашните случаи две се бебиња под 12 месеци и еден е на возраст над 40 години. Во сите три случаи станува збор за невакцинирани лица. Бебињата...

    Истиот текст го објавија и (3):
  2. Нова Македонија

    Четири случаи на морбили во земјава, две бебиња меѓу заразените, МЗ апелира на вакцинација

    Четири случаи на морбили се потврдени во земјава, од кои еден кај странски државјанин и три кај македонски државјани од Велес, Штип и Скопје. Меѓу домашните случаи има две бебиња помлади од 12 месеци и едно лице над 40 години. Сите тројца се невакцинирани, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека бебињата под ...

  3. Лидер

    РЕГИСТРИРАНИ ЧЕТИРИ СЛУЧАИ НА МОРБИЛИ: Доколку имате симптоми јавете му се на лекар, апелираше Клековски

    Во земјава се регистрирани четири лабораториски потврдени случаи на морбили. Меѓу заболените едно лице е странски државјанин, додека останатите тројца се македонски државјани од Велес, Штип и Скопје. Од домашните случаи две се бебиња на возраст под 12 месеци, а третиот пациент е лице на возраст над 40 години, при што сите тројца се невакцинирани. Министерот за здравство Сашо Клековски појасни…

  4. Телма

    Четири потврдени случаи на морбили во Македонија, две бебиња меѓу заболените

    Потврдени се 4 случаи на морбили во Македонија. Се работи за по еден случај од Скопје, Велес и Штип и еден увезен од Косово, кажа министерот за здравство Клековски. Според него , од трите случаи дома -две се бебиња на возраст од 12 месеци, а еден е возрасен пациент на 40- годишна возраст. Сите се ...

  5. Бриф

    Четири потврдени случаи на морбили, се испитува нивна евентуална поврзаност, нема услови за прогласување епидемија, тврди Клековски

    Има четири потврдени случаи на морбили во државата, од кои еден е странски и три македонски државјани од Велес – Штип и Скопје. Од домашните случаи две се бебиња под 12 месеци и еден е на возраст над 40 години. Во сите три случаи станува збор за невакцинирани лица. Бебињата до 12 месеци не се ...

  6. МКД.мк

    Четири потврдени случаи на морбили, нема услови за прогласување епидемија, тврди Клековски

    Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје, посочи тој, ги завршуваат епидемиолошките анализи за евентуалната поврзаност и можност за поврзаност меѓу случаите и многу набргу ќе го објавиме тоа дали има поврзаност меѓу тие случаи или не. Потенцира дека услови за прогласување на епидемија во моментот нема. „Имаме први случаи и тоа што го ...

  7. Скопје1

    Четири потврдени случаи на морбили во Македонија

    Во Македонија се потврдени четири случаи на морбили, од кои три се кај македонски државјани од Велес, Штип и Скопје, а едно заболено лице е странски државјанин. Меѓу домашните случаи има две бебиња помлади од 12 месеци и едно лице на возраст над 40 години. Сите тројца македонски државјани се невакцинирани, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.Надлежните институции ги испитуваат…

  8. Фокус

    Четири потврдени случаи со морбили, нема услови за прогласување епидемија

    Има четири потврдени случаи со морбили во државава од кои еден е странски државјанин и три македонски...

    Речиси идентичен текст
  9. 360 степени

    Четири потврдени случаи на морбили, се испитува нивната поврзаност – вели Клековски

    Еден од случаите е кај странски, а три кај македонски државјани. Домашните случаи се регистрирани во Велес,...

  10. 4NEWS

    Морбилите се шират? Потврдени четири случаи, засега нема услови за епидемија

    Здравствените власти ја следат состојбата со појавата на морбили во земјава, каде што досега се потврдени четири случаи. Надлежните работат на утврдување...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.