Тиквеш го елиминира Вардар од Купот на Македонија

5 извори · 5 извештаи1 препишан · независноста не е проверенаПрв објави Макфакс · · последен

Во овој настан:ВардарКупот

Прочитај на Макфакс (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Фудбалерите на Вардар, попладнево во Скопје, доживеаја шокантна елиминација во осминафиналето, во Купот на Македонија. Во комплексот на ФФМ, Вардар загуби од Тиквеш 1:3.

Клучни точки

  • Сите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме. [МКД.мк]
  • ФК Тиквеш го приреди најголемото изненадувањето во осминафиналето на Купот на Македонија, откако славеше со 1-3 на гостувањето кај Вардар на теренот од ФФМ. [Курир]
  • Кавадарчани сите три гола ги постигнаа во второто полувреме и го завршија куп-настапот на „црвено-црните“. [Рацин]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (5)

  1. Макфакспрв

    Тиквеш го елиминира Вардар од Купот на Македонија

    Фудбалерите на Вардар, попладнево во Скопје, доживеаја шокантна елиминација во осминафиналето, во Купот на Македонија. Во комплексот на ФФМ, Вардар загуби од Тиквеш 1:3. Тиквеш успеа да одржи нула на семафорот во првото полувреме, а на стартот од вториот дел го шокира фаворитот. Во 49-та минута, по грешката на Матиќ, Окебе рутински го совлада Талески. ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  2. МКД.мк

    Вардар исфрлен од Купот на Македонија, Тиквеш им пресуди на црвено-црните

    Сите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме. А првиот беше дел на Виздом Окере кој во 49. минута му донесе водство на Тиквеш од 1-0. Предноста на кавадаречкиот тим траеше осум минути, тогаш Бобан Николов даде гол за израмнување на 1-1. Но, Тиквеш брзо ја врати предноста, веќе во 62. минута преку Сила поведе ...

  3. Курир

    КУП: Тиквеш го елиминира Вардар

    ФК Тиквеш го приреди најголемото изненадувањето во осминафиналето на Купот на Македонија, откако славеше со 1-3 на гостувањето кај Вардар на теренот од ФФМ. Кавадарчани одиграа одлично второ полувреме, ги искористија грешките на противникот и заслужено обезбедија пласман во следната рунда. Вардар така уште во осминафиналето го заврши настапот во Купот на Македонија. За скопскиот ...

  4. Рацин

    Тиквеш го исфрли Вардар од Купот, Македонија ЃП преку пенали до четвртфиналето

    Тиквеш обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на Македонија, откако го совлада Вардар со 3:1 на комплексот на ФФМ во Скопје. Кавадарчани сите три гола ги постигнаа во второто полувреме и го завршија куп-настапот на „црвено-црните“. По првото полувреме без голови, Окебе го отвори резултатот во 49. минута, искористувајќи грешка на Матиќ. Вардар израмни преку ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.