Купот

33 настани во последните 30 дена, од 17 медиуми

Кисела лимонада за Вардар, сонот за двојна круна го урна Тиквеш — отвора на SportSport

Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, тимот на Вардар е елиминиран во 1/8 финалето од КУП натпреварувањето, откако денеска на комплексот Петар Милошевски во Скопје, е поразен од екипата на Тиквеш со конечни 1:3. Со ова пропаднаа шансите Вардар да атакува на двојната круна во овогодинешниот шампионат. Тиквеш денеска одигра во Скопје одлично, постигна три гола, ...

Силекс со убедлива победа во Битола обезбеди куп-четвртфинале (ВИДЕО) — отвора на SportSport

Фудбалерите на Силекс обезбедија пласман во четвртфиналето на Купот на Македонија, откако попладнево славеа убедлива победа од 3:0 на гостувањето кај Пелистер во Битола. Кратовчани ја завршија работата уште во првото полувреме, во кое ги постигнаа сите три гола. Есмир Хасукиќ двапати ја затресе мрежата на домаќините, во 14-тата и во 34-тата минута, а само ...

Тиквеш го елиминира Вардар од Купот на Македонија — отвора на Макфакс

Фудбалерите на Вардар, попладнево во Скопје, доживеаја шокантна елиминација во осминафиналето, во Купот на Македонија. Во комплексот на ФФМ, Вардар загуби од Тиквеш 1:3. Тиквеш успеа да одржи нула на семафорот во првото полувреме, а на стартот од вториот дел го шокира фаворитот. Во 49-та минута, по грешката на Матиќ, Окебе рутински го совлада Талески. ...

Го забетонирале влезот за гостински навивачи. Необичен инцидент против поддржувачи на Лајпциг — отвора на Плусинфо

Несекојдневен инцидент се случил на стадионот „Хафенштрасе“ во Есен пред синоќешниот натпревар од второто коло на Купот на Германија помеѓу Рот-Вајс Есен и Лајпциг (1-2). Како што јавија локалните медиуми, непознати лица го забетонирале влезот за гостинските навивачи, со порака „Биковите мора да останат надвор“. Бетонот бил истурен во дрвената рамка што ги поврзува двете ...

Шпанија во жалост: Одложени 24 фудбалски натпревари по железничката трагедија — отвора на Рацин

Шпанската фудбалска федерација ги одложи сите 24 натпревари од Кралскиот куп, познат како Копа дел Реј, кои требаше да се одиграат денеска, по катастрофалната железничка несреќа во близина на Толедо. Шпанските медиуми јавуваат за најмалку 46 загинати, додека официјалниот биланс сè уште се утврдува. Одлуката е донесена во знак на почит кон жртвите од судирот ...

Еспањол го отпушти тренерот по елиминацијата од четвртолигаш — отвора на Нетпрес

Шпанскиот клуб од елитната лига Еспањол, го отпушти тренерот Маноло Гонзалез откако тимот беше елиминиран од Купот на кралот од клуб од четвртата лига во првото коло од натпреварувањето. Четириесет иседумгодишниот тренер веќе беше под притисок откако Еспањол ја започна сезоната со шест порази во десет натпревари во првенството, што го турна тимот на 18-то ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: SportSport

“Рибарите“ се најголемата сензација во 21.век: “Само ја шутнав топката а потоа трчав како навиен!“(ВИДЕО) — отвора на SportSport

Флитвуд Таун, од четвртата дивизија од „Хајбери“, направи едно од најголемите чуда во историјата на ФА Купот со тоа што го елиминираше моќниот Арсенал по изведување на пенали. Младиот Конор Хоги и тренерот Мет Лоло создадоа сензација на сите времиња. За да се објасни обемот на разликата: Флитвуд е 84 места под Арсенал, далечно 18-то ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Вечер

Трагедијата во Толедо ги одлужи сите натпревари во Купот на Кралот — отвора на Макфакс

Шпанската фудбалска федерација одлучи да ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда поради трагедијата во Толедо. Федерацијата одлучи да го преземе овој чекор како знак на почит и солидарност со сите жртви на трагичната железничка несреќа што се случи рано наутро во среда во покраината Толедо. Сите 24 натпревари закажани за ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Куп – 1/8 финале: Ќе биде “жешко“ на ФФМ – Вардар VS Тиквеш — отвора на SportSport

Денеска ќе се одиграат седум мечеви од 1/8 финалето на Купот на Македонија. Осмиот меѓу Брера и Арсими на програмата е на 25 ноември поради денешниот меч во квалификациите на младинската ЛШ на струмичани против Хофенхајм. Јасно е дека дербито во оваа фаза е мечот меѓу Вардар и Тиквеш. Тоа е дуел меѓу третиот и ...

Четвртолигаш го елиминираше англискиот шампион Арсенал од Лига купот — отвора на Нетпрес

Играчите на англискиот четвртолигаш Флитвуд Таун направија сензација во осминафиналето на Лига купот, елиминирајќи го актуелниот шампион Арсенал со подобро изведување на ударите од белата точка. По 90 минути резултатот беше 1:1, домашните поведоа со голот на Лупало-Бија во 21. а израмни Ѓокерес во 50. минута. Потоа почнаа да изведуваат паналите, сите пет домашни играчи ...

Артета скршен по елиминацијата од четвртолигашот:„Ако тоа беше проблемот, ќе бев бесен... “(ВИДЕО) — отвора на SportSport

Арсенал, шампионот на Премиер лигата, доживеа една од најголемите сензации оваа сезона. Избраниците на Микел Артета беа елиминирани во осминафиналето на Лига Купот од Флитвуд, тим кој се натпреварува во четвртата лига. По натпреварот, шпанскиот стручњак ги даде своите впечатоци за играта на тимот. По резултатот од 1:1 во регуларниот тек на натпреварот, каде Флитвуд ...

И Јанта Волеј со убедлив пораз на стартот на Челинџ Купот — отвора на SportSport

Одбојкарките на Јанта Волеј Кисела Вода загубија од чешкиот Лви Прага со 0:3 во сетови во натпреварот од првото коло на Челинџ купот на ЦЕВ. На дуелот одигран во спортската сала во Куманово, гостинките славеа со 25:17, 25:6 и 25:15, за вкупно 68 минути игра. Кај Јанта Волеј, Дестини Нелсон беше најефикасна со девет поени, ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Курир

ЖОК Работнички поразен од Кифисија во Челенџ Купот на ЦЕВ — отвора на Курир

Македонскиот шампион Работнички со 0-3 (17-25, 15-25, 17-25) загуби од грчки Заон Кифисија во првиот натпревар од првото коло во Челенџ Купот на ЦЕВ. Трифуновска со осум поени и Атанасова со седум беа најефикасни во редовите на нашиот првак. Реваншот се игра на 3 ноември од 19 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Шампионките поразени на првиот натпревар во Челинџ Купот — отвора на SportSport

Одбојкарките на Работнички загубија со 3:0 во сетови на гостувањето кај грчкиот Заон Кифисија во првиот натпревар од 1/16-финалето на Челинџ купот на ЦЕВ. Домашните одбојкарки славеа со 25:17, 25:15 и 25:17, во меч што траеше 76 минути. Работнички оддигра солиден натпревар во кој достојно парираше во сите три сета. ЗАОН Кифисија беше поефикасен во ...

Додев во најдобрите единаесетмина во Казахстан — отвора на SportSport

Македонскиот интернационалец Дарко Додев со гол во ремито 2:2 за својот тим Алтаи против екипата на Јелимај Семеј успеа на својот состав да му донесе важен бод во финишот на фудбалскиот шампионат на Казахстан. Додев има одлична полусезона четири гола и три асистенции вклучувајќи го и Купот на оваа земја, со што ги оправда очекувањата ...

Исмајли пред утрешниот меч во Купот: Респект за Беласица, ама Струга ТЛ оди само на победа — отвора на SportSport

Утре (13.30 ч) на Градскиот стадион во Струга, во меч од 1/8 финалето на Купот на Македонија, домашната екипа на Струга ТЛ го дочекува струмичкиот второлигаш, тимот на Беласица. Јасно е кој е фаворит на овој меч, посебно ако се знае дека стружани посакуваат во ова натпреварување не само да стигнат до фиалето туку и ...

Познат е распоредот за 12.коло: Дербито Вардар – Струга ТЛ в понеделник на ФФМ од 14 часот! — отвора на SportSport

Утре се играат натпреварите од 1/8 финалето во Купот на Македонија а престојниот викенд на програмата се сите пет средби од 12.коло во ПМФЛ. Интересно, нема да има прволигашки фудбал во сабота. Имено два меча се закажани за в недела (01.11.2026) и три за понеделник (02.11.2026) од кои два во ист термин, од 14 часот. ...

По две ипол децении повторно Англичанец: Хари Кејн ја освои „Златната топка“ — отвора на МКД.мк

Признанието „Златна топка“ му припадна на Хари Кејн. Напаѓачот на Баерн Минхен го освои ова лично признание откако со клубот беше шампион на Германија и освојувач на Купот. Исто така Кејн и баварците играа полуфинале и во Лигата на шампионите. Во трката како главни претенденти се споменуваа Килиан Мбапе, Ламин Јамал, Квича Кварацкелија... Со ова ...

5 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: SportSport

Вардар на ФФМ ќе ги пречека и Тиквеш и Струга ТЛ — отвора на SportSport

Теренот на ФФМ ќе биде домашен за фудбалерите на Вардар и на престојните два исклучително важни натпревари на „црвено-црните“. Веќе во среда е дуелот со Тиквеш во 1/8 финалето од Купот на Македонија додека за време на викендот е дерби дуелот со екипата на Струга Трим Лум. Официјално првичната верзија за оваа одлука е тоа ...

Како е кога тимови од пониски лиги ќе се пласираат во европските купови? — отвора на Нова Македонија

ФУДБАЛ Торенсе е второлигаш, но како победник на Купот на Португалија сезонава настапува во Лига Европа. Од 1999 година до денес, само седум клуба од пониски лиги играле во групната или во лигашката фаза од европските купови, пишува ЕСПН. Тимовите од пониските рангови беа почеста појава во европскиот фудбал во времето на некогашниот Куп на ...

Teн Хаг се чувствува изневерен од раководството на Јунајтед — отвора на Република

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, ги откри деталите за неговото заминување од клубот. Холандскиот тренер го презема Манчестер јунајтед во 2022 година. Под негово водство, тимот го освои англискиот Лига куп во сезоната 2022/23 и ФА Купот во сезоната 2023/24. Во октомври 2024 година, Тен Хег беше отпуштен. – Им реков дека ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: MakPress

Tрет пораз на МЗТ Скопје во Европа Купот — отвора на Курир

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром доживеа пораз од Вурцбург (87-73) во рамки на третото коло на Европа Купот на ФИБА. Најдобар играч кај победникот беше Еди Колберт со 19 поени и 10 скока, го следеше Кени Даје со 11 поени и осум асистенции, додека кај МЗТ Скопје, Ноа Али Фаракан даде 14, а Андреј ...

МЗТ Скопје А. немаше сили за прва победа, пораз и од Вирцбург — отвора на SportSport

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром загуби со 87:73 на гостувањето кај Вирцбург Баскетс во Германија и го претрпе третиот пораз во групната фаза на ФИБА Европа Купот. „Металците“ одиграа израмнето прво полувреме, а по првите десет минути резултатот беше 21:21. Сепак, домаќините ја презедоа контролата во вториот период, кој го добија со 28:22, па на ...

Почина поранешен ракометар на Еурофарм Пелистер — отвора на Журнал

Веста за ненадејната смрт на поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, кој починал на 40-годишна возраст, предизвика тага во спортската јавност. Тажна вест во текот на денот сподели грузиската ракометна федерација – на 40 години почина Рати Мсквилидзе. Мсквилидзе во Битола мина една сезона (2017/18) и во дресот на пелистерци настапуваше во Челинџ Купот на ЕХФ. ...

Џани Алиоски успешен пеналџија во победата на Лугано — отвора на SportSport

Езѓјан Алиоски, еден од нашите најдобри фудбалери во изминатата деценија, денеска беше стрелец за својот Лугано во меч од 1/16 финалето во Купот на Швајцарија. Лугано славеше со 0:4 на гости кај Пули а нашиот репрезентативец во 16.минута со удар од белата точка зголеми на 0:2. Алиоски ги одигра сите 90 минути што значи дека ...

Почнаа да се делат дигитални картони во фудбалот (ФОТО) — отвора на МКД.мк

Во Купот на Уругвај, судијата наместо традиционалните картони, делеше казни со електричен уред на кој се појавува жолт или црвен картон, во зависност од потребата. Светот се менува дотолку што и картоните во фудбалот почнаа да стануваат дигитални. Многумина сметаат дека се претерува со ваквите иновации во спортот и некои работи треба да останат какви ...

Дали ова е иднината на фудбалот? Погледнете какви картони „делеше“ судијата во Уругвај — отвора на Лидер

Технологијата во последните децении бележи неверојатен развој и носи големи промени во сите сфери на животот, а така е и во спортот. Фудбалот во последните години сè повеќе зависи од технологијата, а сцените од синоќешниот натпревар од Купот на Уругвај донесоа досега невидени моменти на фудбалските терени, кои во иднина би можеле да станат сосема вообичаени. Имено, на стадионот „Гран Парке...

Официјално: Зекирија Рамадани на клупата на Гњилане! (ФОТО) — отвора на SportSport

Од денеска и официјално еден од нашите најпознати тренери, Зекирија Рамадани е нов шеф на струката на Гњилане, тим од Косово. Ова е негово враќање во овој клуб, ако се знае дека популарниот Зеко го предводеше Гњилане и во сезоната 2022/23 избори настап во Европа и дојде до финалето на Купот на Косово. Од таборот ...

Луј ван Гал го обвини Сити за отказот што го доби пред девет години — отвора на Макфакс

Поминаа девет години откако Луј ван Гал беше отпуштен од клупата на Манчестер Јунајтед. Се добива впечаток дека Холанѓанецот никогаш не успеал да ја прифати одлуката на клубот. Холанѓанецот го освои ФА Купот, а по само 24 часа беше отпуштен, бидејќи тимот не заврши меѓу првите четири во Премиер лигата. На крајот, гол-разликата одлучи, а ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија — отвора на MakPress

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денес беа извлечени двојките за осминафиналната фаза во националниот куп. Двојки за 1/8финалето во Купот на Македонија: Скопје – НовациСтруга ТЛ – БеласицаБрера – АрсимиВардар – ТиквешПелистер – СилексРаботнички – СасаМакедонија ЃП – БрегалницаБашкими – Шкендија Арачиново. Се игра по еден натпревар (без реванш), термините се 27/28 октомври....

Вардар го доби Тиквеш, Силекс против Пелистер во осминафиналето од Купот на Македонија — отвора на МКД.мк

Познати се сите учесници во осминафиналето на Купот на Македонија, откако Работнички со убедливи 8:0 го совлада Вардар Неготино и го комплетираше списокот на шеснаесет екипи кои продолжуваат во натпреварувањето. Најмногу внимание привлекува дуелот меѓу Вардар и Тиквеш, две екипи кои имаат високи амбиции и се блиску на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Интересна ...

Куп 1/8 финале: Вардар против Тиквеш, Струга ТЛ дома со Беласица, Силекс на гости во Битола — отвора на SportSport

Денеска е одржана ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија. Секако дека најинтересно ќе биде на дуелот Вардар – Тиквеш.Ова се екипи кои го освоиле Купот во 2024 и 2025 година. Кавадарчани иако играа на гости секако дека си имаат свои амбиции. Струга ТЛ која во изминатите неколку години двапати играше во финалете, ја ...

Откако победи со 0:8 во Неготино: И Работнички во 1/8 финалето на Купот на Македонија — отвора на SportSport

Откако попладнево во Неготино успеа со 0:8 да го победи домашниот состав на Вардар (Н), тимот на Работнички се пласираше како последен патник во 1/8 финалето во Купот на Македонија. Стрелци на головите беа Богдановски два, Ганиу два, Затуроски, Алили, Подграѓа и Хасиќ. Со тоа конечно заврши и 1/16 финалето или првото коло во нашето ...