Италија го казни Фејсбук со 805 милиони евра зашто користел фотографии од телефоните на корисниците без нивна согласност

Фото: Сакам да кажам
Известуваат 13 медиумиПрв објави Сакам да кажам · · последен

Преглед

Фотографиите што ги чувате во телефонот, а никогаш не сте ги објавиле на Фејсбук, се во центарот на нов голем случај за нарушување на дигиталната приватност.

Прочитај на Сакам да кажам

Клучни точки

  • Италијанската Агенција за заштита на личните податоци ѝ изрече казна од 805 милиони евра на „Мета“, матичната компанија на Фејсбук, поради користење фотографии и видеа од телефоните на корисниците без нивна конкретна согласност, известува „Политико“. [Инфомакс]
  • Според Агенцијата, „Мета“ не успеала соодветно да информира околу 20 милиони корисници дека „Фејсбук“ има пристап до нивните фотографии и видеа преку функција во апликацијата. [MakPress]
  • Мета пристапувала до фотографиите, видеата и поврзаните метаподатоци на италијанските корисници преку својата апликација на Фејсбук за Андроид уреди без да добие нивна специфична согласност и без да ги информира, соопшти регулаторот, јави новинска агенција АФП. [Иновативност]
  • Казната е една од највисоките што италијанските регулаторни власти ги изрекле на технолошка компанија [Мета.мк]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:МетаФејсбук

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (14)

  1. Сакам да кажампрв

    ИТАЛИЈА ГО КАЗНИ ФЕЈСБУК СО 805 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАШТО КОРИСТЕЛ ФОТОГРАФИИ ОД ТЕЛЕФОНИТЕ НА КОРИСНИЦИТЕ БЕЗ НИВНА СОГЛАСНОСТ

    Италијанските власти ја казнија матичната компанија на Фејсбук, Мета, со 805 милиони евра поради користење фотографии и видеа од телефони ...

  2. ТРН

    Фејсбук имал пристап до приватните фотографии во телефоните: Мета казнета со 805 милиони евра

    Фотографиите што ги чувате во телефонот, а никогаш не сте ги објавиле на Фејсбук, се во центарот на нов голем случај за нарушување на дигиталната приватност. Италијанската Агенција за заштита на личните податоци ја казни компанијата Мета со 805 милиони евра поради пристап до фотографии, видеоснимки и придружни информации од телефоните на корисниците без нивна ...

  3. Инфомакс

    Италија ја казни „Мета“ со рекордни 805 милиони евра: Фејсбук пристапувал до фотографиите на телефоните без посебна согласност

    Италијанската Агенција за заштита на личните податоци ѝ изрече казна од 805 милиони евра на „Мета“, матичната компанија на Фејсбук, поради користење фотографии и видеа од телефоните на корисниците без нивна конкретна согласност, известува „Политико“. Казната се однесува на функцијата „Camera Roll Suggestions“ на Фејсбук, која им предлага на корисниците фотографии и видеа од галеријата ...

  4. Проверено

    „Мета“ казнета со 805 милиони евра поради пристап на Фејсбук до несподелени фотографии на корисниците

    Италијанското регулаторно тело за заштита на приватноста и изрече казна од 805 милиони евра за „Мета“, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм поради неовластен пристап до фотографии и видеа на телефоните со Андроид на корисниците во Италија. По техничката анализа спроведена од регулаторното тело за заштита на приватноста, утврдено е дека „Фејсбук“ можел да добие ...

  5. Рацин

    Италија ја казни Мета со 805 милиони евра, неовластено користеле фотографии на корисниците

    Италијанската агенција за заштита на личните податоци ѝ изрече парична казна од 805 милиони евра на технолошката компанија Мета поради неовластен пристап до фотографиите и видеозаписите на корисниците на уреди со оперативниот систем Андроид. Одлуката опфаќа околу 20 милиони корисници во Италија, а компанијата има рок од 60 дена да ја исклучи спорната функција во ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.