Ребалансот на буџетот е усогласен со реалните економски движења. Димитриеска-Кочоска го бранеше вториот ребаланс пред пратениците
Преглед
Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.
Вкупните приходи во вториот ребаланс се планирани на 374,2 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. Проекциите за економскиот раст и за инфлацијата се задржуваат на 3,5 проценти, додека најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои…
Споредба на известувањето
Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.
Сите извештаи (2)
- Плусинфопрв
РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ Е УСОГЛАСЕН СО РЕАЛНИТЕ ЕКОНОМСКИ ДВИЖЕЊА Димитриеска-Кочоска го бранеше вториот ребаланс пред пратениците
Вкупните приходи во вториот ребаланс се планирани на 374,2 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. Проекциите за економскиот раст и за инфлацијата се задржуваат на 3,5 проценти, додека најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари.
РЕБАЛАНСОТ ГО СЛЕДИ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ: Димитриеска-Кочоска пред пратениците - проекциите остануваат стабилни на 3,5 отсто
Со планирани приходи од 374,2 милијарди денари и непроменет буџетски дефицит од 4,1 отсто од БДП, Владата го претстави вториот ребаланс на Буџетот пред пратениците. Проекциите за економски раст и инфлација остануваат на 3,5 проценти, додека најголемата корекција се однесува на приходите од акцизи, кои се намалуваат од 34,1 на 30,4 милијарди денари. Министерката за финансии Гордана…
Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.